Граѓанската асоцијација МОСТ ги соопшти прелиминарните резултати од ПВТ програмата, односно паралелното пребројување на гласовите, според која четворицата кандидати за претседател на Република Македонија ги освоија на денешните избори.
МОСТ: Низа неправилности во гласањето се забележани до 11 часот
Според МОСТ, Ѓорѓе Иванов освои 53,14 %, Стево Пендаровски 38,78 отсто, Иљаз Халими 4,5 отсто и Зоран Поповски 3.58 отсто.
Тепачка, поткуп, избришано мастило, читања на глас забележува МОСТ до 13 часот
Одѕивот на гласачите е 49,64 отсто, а неважечките ливчиња се 2,78 отсто.
Овие резултати се со 95 отсто извесност, соопшти Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ.
МОСТ: До 18 часот 46,17% излезност, скршена кутија, фотографирање ливчиња