Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Малолетници и злоупотреба на државни ресурси во претседателските кампањи

0
By Влатко Чаловски on April 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Учество на малолетници на митинзите на политичките партии, злоупотреба на државни ресурси (возила на јавни претпријатија во Облешево, Охрид, Струга, Битола, Демир Хисар…) и партиски знамиња на бандерите, се дел од нерегуларностите кои МОСТ ги забележала на терен за време на предизборната кампања на кандидатите за претседател.

Во интервју за НОВА, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов како генерален заклучок од кампањите посочува дека за разлика од минатото, претседателските кандидати преферирале директни средби со граѓаните, а не големи митинзи.

Во однос на избирачкиот список, кој го следат низа контроверзии по одбиените барања на некои политички партии од Државната изборна комисија, за отстранување на таканаречените „фантомски гласачи“, Алексов тврди дека прашањето за регуларноста на листата на гласачи е прашање кое се третира само пред избори.

– Она што ние го следиме во сите години наназад, е дека избирачкиот список е причина за меѓусебни обвинувања, само во предизборието. Никогаш во неизборна година политичките партии не дошле до консензус, истиот да биде прочистен, вели Алексов.

Граѓанската асоцијација МОСТ, во недела за претседателските избори има ангажирано вкупно 580 набљудувачи на 580 избирачки места, со 84 мобилни тимови, кои ќе вршат мониторинг и на местата кои нема да ги опфатат целодневно.

Своите видувања за тоа дали изборите се спроведуваат во фер и демократска атмосфера, Дарко Алексов потенцира дека ќе ги презентираат наредниот ден по завршувањето на изборите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.