Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ со осуда за серијата насилни инциденти за време на кампањата

0
By Сашка Цветковска on October 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрено функцинирање на институциите во однос на организирањето, но и спречувањето злоупотреби во изборната кампања, но и загрежиност  и осуди поради серијата инциденти како палење и демолирање партиски штабови, се вели во периодичниот извештај на невладината организација со задача да го набљудува изборниот процес „Мост“.

Сведоци бевме и на демолирање на 10 изборни штабови на четирите најголеми политички партии во 8 општини и уништување на пропаганден материјал во 6 општини. Во текот на кампањата се случи инцидент во кој градоначалник и кандидат на изборите беше повреден во физичка пресметка помеѓу две групи. Покрај ова, во периодот што измина се случи и престрелка во која беше повреден носител на независна кандидатска листа, кој подоцна им подлегна на повредите. Според изјавата на министерот за внатрешни работи, престрелката не била поврзана со изборите. Граѓанската асоцијација МОСТ најостро осудува насилство од било каков вид и апелира учесниците во изборите да се воздржат од злоупотреба на вакви и слични настани за изборни цели. Тие апелираат до надлежните институции темелно да ги истражат овие настани.

МОСТ нотира и, според нив, поситни злоупотреби на државните ресурси во кампања.

Забележани се неколку изолирани случаи на злоупотреба на јавни ресурси, најчесто од градоначалници кои се кандидати на изборите, се вели во соопштениието

Од мост забележуваат дека партии вршеле и притисок за присуства на партиски настани во текот на работното време од страна на две општини од страна на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, како и еден случај на уценување за гласање за независен кандидат.

МОСТ со критики до власта и поради, според нив, недозволените измени на изборниот законик среде изборен процес.

Изборниот законик беше изменет во текот на изборниот процес заради промена на одредбите поврзани со составот на ДИК, со цел во него да биде вклучен претставник од втората најголема политичка партија од парламентарната опозиција. Измената предвидува усогласување на составот на Државната изборна комисија од страна на Собранието во текот на изборниот процес, со што не го решава целосно ова прашање. Поради тоа, потребно е дополнително прецизирање на овие одредби. Измената на Изборниот законик во текот на изборниот процес е нешто што не смее да се случува.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.