Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мостот „Око“ од денеска прооден, но е слепа улица

0
By on June 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Од денеска може да се поминува преку пешачкиот мост „Око“ и да се видат 30 тината скулптури на антички и средновековни кралеви, кнезови, и војсководци. Сепак, околу темелите на мостот се уште има скелиња.

Мостот „Око”, во моментов е „слепа улица“ бидејќи од Кејот води до влезот на новиот Археолошки музеј, кој се уште се гради.

Од општина Центар за НОВА велат дека мостот „Око“ не е пуштен во употреба и се наоѓа во истата состојба како и „Мостот на уметноста“. Пешаците може да се движат по мостот, но, за официјалното отворање ќе се чека да се изгради партерот на зградата на Археолошкиот музеј.

„Темпото на изградабата и тоа кога овој мост ќе биде пуштен во употреба го одредува исклучиво Службата за заеднички и општи работи на Владата“, информираат од Центар

Откако хрватската градежна фирма „Конструктор“ го доби тендерот за изградба на мостот и го пролонгираше рокот, а во меѓувреме се најде под лупата на хрватските истражни органи заради сомневање за вмешаност во финансиски криминал, договорот со оваа фирма беше раскинат.

Во 2012 година општина Центар ја избра градежната компанија „Бетон“ од Скопје за довршување на изградбата на „Око“, кој треба да го поврзе Кејот „13 ноември“ со Археолошкиот музеј.

Договорот бил потпишан на крајот од декември 2012, Центар го додели проектот на македонскиот градежен гигант во постапка со преговарање без јавно објавување на оглас.
Вредноста на склучениот договор изнесува околу 1.250.000 евра.

Во меѓувреме, српската леарница „Јеремиќ“ ги изработи скулптурите што се поставени на мостот. Се работи за 29 бронзени скулптури на благородници, антички и пајонски кралеви, кнезови и други ликови, чија висина изнесува по два метри. Меѓу нив се: Митскиот крал Каран, Пердика I, Аминта III, Парменион, еден од генералите во војската на Филип, Авдолеон, Филип V, Персеј, Тит Флавиј Орест, Јулија Тертила Публиј Септиј Николај, Будиј и други личности од античката историја. Другите скулптури се од византискиот период и од раниот среден век.

Според податоци од Бирото за јавни набавки, скулптурите на мостот „Око“ чинат 170 илјади евра.

Според отчетот на Министерството за култура, автор на поголемиот број од скулптурите на „Око“ е Валентина Стефановска.

Изградбата на мостот започна во септември 2009 година, врз основа на идејното решение на Борислав Јосифов и на Коста Мангаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.