Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОТ: Завршница со „Црнила ремикс“-хип-хоп изведба на драмата од Чашуле

0
By Нова ТВ on September 28, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со премиера на „Црнила ремикс“ – хип-хоп претстава според мотиви на класичното драмско дело од Коле Чашуле, по идеја и режија на Јордан Симонов и во продукција на Младинскиот културен центар, вечер ќе заврши 43. „Млад отворен театар“.

Како што соопшти МКЦ, претставата е ставена во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на хип-хоп групата „Зад аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата.

Јордан Симонов вчера на прес-конференција рече дека во кариерата учествувал неколку пати во постановки на „Црнила” од Чашуле, а  идејата за ваков проект постоела одамна. Се конкретизирала по средбата со членовите од скопската хип-хоп група „Зад аголот” пред две години.

– Сакав да ја вратам радоста на играњето и оние моменти кога се случува нешто друго од она што досега сум го работел. На овој начин најдовме форма како да им ја пласираме на младите македонската класика за која малку знаат, рече Симонов за претставата која е спој на театар, рап и хип-хоп. Претпремиерно „Црнила ремикс“ беше изведена овој месец на фестивалот „Здраво млади”.

Музиката и препевот се на Дарко Димитриески и Павле Димковски од „Зад аголот“, сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, а улогите ќе ги играат: Стефан Вујисиќ (Луков), Александар Михајловски (Фезлиев), Владимир Петровиќ (Иван), Горан Ников (Методи), Ненад Анѓелковиќ (Младичот), Сања Арсовска (Неда) и Павле Димковски (Христов).

Во придружната програма на МОТ денеска напладне во Џебното кино на МКЦ ќе бидат одбележани 70 години од Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) на УНЕСКО (1948-2018), а вечер од 22 часот во МКЦ за затворање на фестивалот концерт ќе има шведската група „Fire“.

Во деветте фестивалски дена на 43. „Млад отворен театар“ на осум сцени низ Скопје беа изведени 18 претстави. Фестивалот почна на 20 септември со белгиската „Блокбастер“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.