Најавените референдуми за независност во Шкотска и Каталонија може да бидат вовед во распадот на две важни членки на Европската унија.
Високиот врв на Шкотска и Каталонија, кои се залагаат за независност , се подготвуваат за референдум следната година, а поедини аналитичари сметаат дека ова може да доведе до охрабрување и на други земји во Европа да тргнат по овој пат.
Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон се согласува да соработува во подготовките за референдум во Шкотска во есен 2014 година, иако е против нејзиното отцепување.
Од друга страна, властите во Мардид објавија дека ќе се борат против одржувањето на референдумот за осамостојување на Каталонија, повикувајќи се на Уставот.