Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можни предвремени избори во Грција, пишува грчки „Етнос“

0
By Нова ТВ on November 4, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тоа што грчката коалициона влада, во која доминираат конзервативците, планира да го одработи целиот свој мандат и следните парламентарни избори да се одржат во јуни 2016 година, сепак можно е Грците да излезат на гласачките места на почетокот на 2015 година, пишува грчки „Етнос“.

Весникот образложува дека е малку веројатно оти двете партии во владината коалиција – Нова демократија и ПАСОК, ќе можат да соберат 180 гласа во Парламентот за да изберат претседател на земјата и да избегнат предвремени парламентарни избори.

Согласно Уставот на Грција, шефот на државата се избира од страна на Парламентот на земјата. Гласањето за избор на нов претседател треба да се одржи на почетокот на 2015 година.

Конзервативната Нова демократија во моментов располага со 127 пратеници, а социјалистичкиот ПАСОК со 28. Двете партии заедно имаат 155 пратеници, што претставува многу тешка, но не и невозможна задача, за да го обезбедат неопходното мнозинство од 180 пратенички гласа за избор на претседателот. Ова мнозинство му е неопходно на сегашниот кабинет на Самарас за да преживее и да ги избегне предвремените парламентарни избори, оценува весникот „Етнос“.

Мандатот на сегашниот претседател Каролос Папуљас истекува на 12 март 2015 година.

Грчкиот Устав предвидува три круга на гласање при изборот на шеф на државата. За избор на претседателот во првиот круг на гласање потребни се 200 пратенички гласа. Тој треба да се оддржи еден месец пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, односно на 12 февруари 2015 година. Има варијанта гласањето да се одддржи и порано доколку тоа го побара Владата. Ако ни при второто гласање ниту еден кандидат не освои 200 гласа, се одржува трет круг, во кој за победа се потребни 180 гласа. Ако претседателот не биде избран ни по третиот круг на гласање, Парламентот се распушта и се свикуваат предвремени парламентарни избори.

Двете владејачки партии – Нова демократија и ПАСОК, се обврзани за претседателската функција да предложат лице кое не потекнува од нивните редови, што како најсериозни кандидати ги истакнува Фотис Кувелис, лидер на Демократската левица (ДИМАР), доскорешен партнер во владејачката коалиција, и Никос Констандопулос, поранешен лидер на опозициската Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.