Комисијата за 24 декември се очекува за час или два да продолжи во проширен состав, најверојатно со лидерите на две партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Груевски и Заев. Во моментов средбата е прекината заради пауза и консултација на двете страни.
После 6 часот веќе можат да се очекуваат и првите информации за напредокот на работата на Комисијата, изјавија Борче Давитковски и Илија Димовски, известува репортерката на НОВА, Сашка Цветковска, од Клубот на пратениците.
Досегашните неофицијални информации од извори вклучени во преговорите за НОВА се дека тешко може да биде донесено било какво решение и дека скоро е невозможно, со оглед на спротивствените ставови за вината за 24 декември.