Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се либерализира пазарот на капитал, Владата даде виза за измените на Законот за инвестициски фондови

0
By Нова ТВ on February 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Северна Македонија ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал.

-Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите.

Измените на законот се составен на дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви.
Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи, a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во Република Северна Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд.

Ова практично ќе значи дека ќе може да се отвораат т.н. фондови напојувачи. Под фонд напојувач се подразбира отворен инвестициски фонд кој најмалку 85% од своите средства ги има вложено во удели на друг инвестициски фонд, таканаречен главен инвестициски фонд, кој ќе управува со доверените средства. Во постојниот закон, фондовите можат да доверат најмногу до 10% од своите средства да ги управува друг фонд. На овој начин ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на капитал и можност за окрупнување на средствата од повеќе инвестициски фондови во еден фонд, што за инвеститорите ќе значи помали трошоци за управување и користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата.

Со предлог-измените во Законот се уредува и постапката за отворање филијала на странско друштво за управување на територијата на државата, како и можност друштвото за управување од нашата држава да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување на квалификувано учество во странско друштво или преку отворање подружница односно филијала во странство.

Со предложените измени, воедно, се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува. Предложените измени се во насока на олеснување на работењето на друштвата за управување со инвестициски фондови и во насока на усогласување со европските регулативи, соопштија од Министерство за финансии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.