Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МПЦ и Антиќ му продале имот на истиот Антиќ

0
By Соња Петрушевска on December 26, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирмата „Обновители“ која е во сопственост на  МПЦ и на бизнисменот Зоран Антиќ го продала земјиштето кое го откупи од Министерството за транспорт на фирмата М.Г Фешн – компанија која е исто така во сопственост на бизнисменот Зоран Антиќ, кого медиумите го поврзуваат со Сашо Мијалков, открива НОВА.

 

 

Споре документите до кои дојде НОВА, „Обновители“  на 1 ноември оваа година и официјално му продале на Антиќ, односно на М.Г Фешн земјиште од 7.401 м2 спроти хотелот Холидеј ин по цена од 2.442 622 евра. Се работи за  истото земјиште кое фирмата „Обновители“ го откупи од Министерството за транспорт, по цена од 2,3 милиони евра.

Во документите како продавач на земјиштето се јавуваат управителите на  фирмата „Обновители“Сашо Данаиловски и Вичко Гочевски, а како купувач управителот на  фирмата М.Г Фешн – Илија Божиновски.

Потписници на Договорот за продажба на земјиштето

Она што е симптоматично е фактот- дека иако името на Антиќ не фигурира во договорот, тој во оваа купродажна зделка се јавува и како купувач и како продавач.

Имено, Антиќ е ко-сопственик на фирмата „Обновители“ и во тоа својство го купи земјиштето спроти Холидеј ин кое практично сега си го продава самиот на себе – како сопственик на М.Г Фешн.  Интересно  е што на Договорот за откуп на земјиштето од страна на Обновители и МГ Фешн  склучен на 29 октомври, 2018, е потпишан од министерот за транспорт Горан Сугаревски и од Илија Божиновски – кој  сега се јавува и како управител на М.Г Фешн и како полномошник на „Обновители“.

Дел од Договорот за откуп на земјиштето спроти Холидеј ин

 

Три дена пред да се склучи купопродажниот Договор, фирмата М.Г Фешн уплатила и данок на промет на недвижности на град Скопје во висина од  127.400 евра.

Со оваа зделка фирмата М.Г Фешн и официјално станува единствен сопственик на земјиштето кое го откупи од Министерството за транспорт заедно со МПЦ.

Улогата на МПЦ во целиот процес на стекнување на сопствеништвото од страна на Антиќ е исклучително голема и клучна. Имено, МПЦ на почетокот, со денационализаија,  поседуваше имот од 3.767 м2, за подоцна, да формира фирма со Антиќ- тоа е Обновители, и во таа фирма да го вложи тој имот.

Договор за основање на фирмата „Обновители“

Токму овој имот, на Антиќ му овозможи отворен простор и на голема врата да влезе во  следната операција- да откупи  9.000 м2- голема површина на таа атрактивна локација- Холидеј ин.

Благодарејќи на постоечкиот имот на МПЦ, всушност Антиќ стигна до потребниот имот во големина од  30 проценти во негова сопственост со што се здоби со право да ја откупи целата парцела.

Купопродажниот Договор е склучен само два дена месец откако Обновители и М.Г Фешн го откупија земјиштето од Министерството за транспорт- по 300 евра за квадрат за земјиштето, односно 2,3 милиони евра, иако, според документ до кој дојде НОВА, ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен.  Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.

Од тогаш до денес логично е да се очекува цената на земјиштето да расте, посебно по одлуката на Општина Центар на ова парцела да се градат згради, кои се профитабилен бизнис. Но, наместо тоа цената двојно се намалува и земјиштето се продава поевтино.

Дел од Договорот за основање на фирмата „Обновители“

 

Продажбата на земјиштето по ниска цена, во Министерството за транспорт го правдаа  со Уредба  која ја усвоила претходната Влада за цени по кои ќе се  продава градежно државно земјиште.

Министерот за транспорт Горан Сугаревски најави дека ќе предложи до Владата преиспитување на цените во Уредбата, но таква иницијатива се уште нема.

На овој простор спроти Холидеј ин е планирано да се градат висококатници. Ваквата идеја засега не може да се реализира, затоа што општина Центар го продолжи мораториумот за градење до април следната година.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.