Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мрежа за борба против хомофобија: „Педер“ го симболизира општеството кое гаи омраза, страв и гадење

0
By Соња Трајковска on August 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев на одбележувањето на 18 години од Рамковниот договор, во врска со случајот „Рекет“ во која тој кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа Влада од власт, како одговор на новинарско прашање.

-ЛГБТИ луѓето зборот „педер“ го слушаат секојдневно; во училиштата, на улица, во државните институции, од ресторани и берберници до полициски станици. Да се биде „педер“ во Северна Македонија значи да се живее во средина која те дехуманизира, ти ја ограничува слободата, најгрубо ти се замешува во приватноста и не ти овозможува да ги остваруваш своите желби и планови под еднакви услови како и останатите граѓани. Бидувањето „педер“ некои од нас ги чинело и многу повеќе: насилство кое полицијата никогаш не го решила, семејства кои нѐ повредиле и не нѐ прифаќаат, насилство кое оставило длабоки рани од кои црпиме мотивација за отпор и солидарност, за ревносна борба за нашите права и рани на кои сме горди. „Педер“ не е нечија карактерна особина, „педер“ го симболизира општеството кое гаи омраза, страв и гадење кон нас, се вели во писмената реакција.

-Откако јавноста дозна за случајот „Рекет“ во кој е вмешан Бојан Јовановски, во медиумите и на социјалните мрежи фокусот е ставен на неговата претпоставена сексуална ориентација и истата се користи за лично омаловажување и исмевање, со што се прави голема штета по достоинството на целата заедница. Најверојатно не треба да објаснуваме дека сексуалната оринетација на Боки 13 нема врска со неговото противзаконско делување. ЛГБТИ луѓето не се хомогена група, исто како и хетеросексуалците, можат да бидат конзервативни или либерални, религиозни или атеисти, да припаѓаат на различни етнички заедници, да се занимаваат со криминални дејствија или чесно да си го заработуваат лебот. Ако хетеросексуалец направи криминал, никој нема да ја спомене ниту тоа ќе го припише на неговата хетеросексуалност, но ако геј маж го направи истото, целата јавност па дури и премиерот ќе ја потенцира неговата сексуална ориентација. Ова е всушност и централното прашање на дебатата за нашата еднаквост. Двојни стандарди, мнозинство кое прави посебен случај од себе додека истите права ги негира за ЛГБТИ луѓето, сеприсутни митови за неморалните и за гадните „педери“ наменети за заплашување и мобилизација на јавноста против еднаквоста, слободата и достоинството на ЛГБТИ луѓето.

ЛГБТИ заедницата во Вас и во Вашата партија гледаше и сѐ уште гледа сојузник. Не можеме да негираме дека во однос на правата на ЛГБТИ луѓето се остварија клучни чекори: донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преземањето на финансирањето на ХИВ програмата, измени на Кривичниот закон во делот за делата од омраза, организирање на првата Парада на гордоста, препознавањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и во други закони од областа на медиумите и образованието. Но нашиот живот и нашето секојдневие не се многу променети. Не можеме да останеме неми и на пропустите што ги правите: како двете изјави на министерот Филипче кои предизвикаа огромна штета на трансродовите луѓе, фактот што Министерството за внатрешни работи сѐ уште не гони нити препознава криминал од омраза, нерешените случаи на хомофобичните напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Управата за матична евиденција која одбива да ја спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права за промена на личните документи на трансродов маж, бројни пријави за говор на омраза кои заглавиле некаде помеѓу полицијата и обвинителството итн. Проблемите со кои се соочуваме се бројни, а вакви изјави од државниот врв не помагаат во нивно решавање.

Ве повикуваме да се извините јавно, овој пат по уште понавредливите оправдувања, со цел да се санира штетата предизвикана врз јавното мислење од вашата изјава. Но уште поважно, Ве повикуваме интензивно и сериозно да се зафатите со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Тоа е единствен начин да се надомести за исклучувањето, стигмата и насилството кое оваа заедница го искусува и да се изгради едно општество за сите!, се вели во реакцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.