Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЦМС спроведе истражување „100 дена Влада“- од максимум 5 Владата е оценета со 2,44

0
By Mirjana on June 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За работата во првите 100 дена, Владата добила оцена  2,44 од максимум 5, покажало истражувањето на МЦМС  за чии потреби анкетата ја изработила агенцијата М Проспект. Од МЦМС  велат дека анкетата не содржела рејтинзи на партиите туку симпатизерство. 

Високи 65,1 отсто од граѓаните изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања.

На прашањето: „ Ако утре се одржат парламентарни избори за која партија ќе гласате“ , според анкетата ВМРО-ДПМНЕ ќе освоело 20,7 отсто од гласовите а СДСМ 14,6 отсто. За ДУИ би гласале  7,8 отсто, за Алијанса 2,9 отсто а  за БЕСА 2,3 отсто. Поддршката за Левица е 5,2 отсто од испитаниците. 

Дека им се влошил квалитетот на живот во последната година, изјавиле 58,7 отсто од граѓаните.За 29 отсто квалитетот на живот им бил ист. Граѓани со подобрен квалитет на живот последнава година, се изјасниле 10,7 отсто.

55,1 отсто од граѓаните рекле дека економската состојба ќе се влоши во наредните две години. Речиси исто или 55,8 отсто од испитаниците сметале дека државата се движи во лоша насока а за 16, 8 од испитаниците насоката била правилна.

Владата ужива доверба кај околу една третина од граѓаните, а 63,7 отсто од нив не и веруваат на Владата.

Како најголем проблем за 30 отсто од граѓаните се сиромаштијата и невработеноста. За  25,9 отсто од граѓаните најголем проблем биле корупцијата и криминалот. 

Економската ситуација и иселувањето на младите  како најголем проблем го навеле речиси  ист процент од анкетираните 13,9 отсто,  односно 13,5 отсто.

На прашањето „во кои подрачја Владата ги исполни вашите очекувања овие 100 дена?“, секој петти граѓанин рекол дека неговите очекувања не се исполнети во ниту едно подрачје.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, имал најдобар резултат од позитивните и негативните мислења на граѓаните за тоа како функционерите си ја вршат работата. Подолу на таа листа се Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, по што со ист резултат се министрите за финансии и за транспорт и врски, Фатмир Бесими и Благој Бочварски.

Според 36,3% од испитаниците, потребни се предвремени парламентарни избори, додека за 30,4% излезот е во целосната мобилизација за надминување на предизвиците и формирање широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

23,3 отсто од испитаниците имаат верба дека сегашната влада има сила и способност да продолжи и успешно да ја води земјата .

Истражувањето е спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година со телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1005 испитаници.

Целосната анкета е достапна на следниот линк.

100 дена Влада анкета МЦМС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.