Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП: Надоместокот за попреченост од наредната година ќе се покачи за 15 проценти

0
By Ivana on August 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во врска со најавениот протест на Коалицијата „Менуваме“ информираме дека Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во нашата држава. Потврда за тоа е и постојаното проширување на мрежата на дневни центри за децата со попреченост. Неодамна МТСП го отвори  дневниот центар за лицата со попреченост во Липково, а  во тек е и изградба на центри за деца со попреченост и во општините Делчево, Чашка, Боговиње и во Скопје. 

МТСП веќе информираше дека минатата недела склучи и два нови  договори за соработка  со општините  Карпош и Тетово, со поддршка на Светска Банка, за отворање на дневни центри за деца со попреченост.  Овие два центри преку стручните тимови ќе обезбедуваат индивидуални  и групни третмани, според претходна проценка на потребите на вкупно 62 деца со попреченост.

Целосната и доследната имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН е политика на која Министерството за труд и социјална политика и министерката Јагода Шахпаска работат интензивно. Но, тоа е процес кој не може да се заврши за неколку месеци, туку се потребни системски и одржливи решенија, особено ако претходно немало никаков напредок на ова поле. 

Министерката Шахпаска неодамна одржа средба со претставници на Коалицијата „Менуваме“ и информираше дека сите нивни барања во основа се дел од агендата на Министерството.

Во однос на барањето за зголемување на надоместокот заради попреченост, министерката Шахпаска укажа дека е предвидено покачување на износот за најмалку 15 проценти. Поради пандемијата со Ковид-19 неговата реализација беше пролонгирана за наредната година.

На средбата беа споделени и информациите дека за потребата на поголема инклузија и вработување на лицата со попреченост, во тек е проект за унапредување на пристапот на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот, за што се разгледуваат искуства од другите земји, а веќе е отворена и јавна расправа кај нас со сите засегнати страни.

Со измените на Законот за социјална заштита се зголеми  достапноста на правото за користење на личната асистенција, односно се намали возрасната граница за лични асистенти од 18 на 6 години.  За спроведување на оваа измена, само за оваа година,  обезбедени се средства за 200 дополнителни асистенти, а доколку има потреба од повеќе асистенти нема пречки да се зголеми и оваа бројка.

Во делот на зголемување на инклузијата и независноста на лицата со попреченост, МТСП заедно со  Националниот сојуз на слепи лица и УНДП  неодамна го пуштија во употреба и аудио читачот- апликација за лица со оштетен вид, кој овозможува олеснет пристап до информации, независност во движењето и завршувањето на секојдневните обврски.

Министерството за труд и социјална политика останува отворено за унапредување на состојбата на лицата со попреченост преку взаемен дијалог и соработка со сите засегнати страни.

15 проценти МТСП Надоместок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.