Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Му го укинале социјалното за 1400 денари приход

0
By Сашка Цветковска on February 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Синот на Сабедин Неби добил 1400 денари награда на промоција за креми за млади. Државата поради тоа му ја одземала социјалната помош и од него бара да ја врати истата за цела измината година или 1700 евра.

Маките на семејството на Сабедин Неби почнуваат кога неговиот син средношколец минатата година добил 1400 денари награда од фирма за козметика за промоција на креми за млади. Синот, бидејќи бил малолетен,ја дал сметката на татко си да му ги префрлат парите.

Тогаш државата му ја укинала социјалната помош од 2500 денари која ја добивало неговото петчлено семејство поради, како што му рекле, остварување на приходи и од него бараат да врати 1700 евра, односно помошта за цела измината година. Сабедин Неви води спор со помош на Хелсиншкиот комитет. Но, неговите маки не завршуваат тука.

Тој напролет може да ја изгуби и скромната куќа во Долно Лисиче затоа што фондот за здравство одбил да му рефундира позајмените пари за операција на сопругата болна од рак. Таа морала итно да се оперира, но поради штрајкот на лекарите, вработени во министерството за здравсто го упатиле на приватна клиника.

Според Сабедин, тие му гарантирале рефундирање, а неговото семјејство за возврат требало да излезе пред камерите на некои медиуми и да зборува против штрајкот на лекарите. Потресната сторија на петчленото семејство Неби погледнете ја во видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.