Пишува Стефан Марковиќ, Јужне вести, Србија
Откако условната затворска казна за „сериозни закани“ кои беа упатени кон уредникот на Јужне вести, Предраг Благојевиќ им беше преиначена во ослободувачка пресуда, полковникот Добривоје Станимировиќ и приватниот детектив Мио Јанковиќ поднесоа противтужба против Благојевиќ поради „повреда на честа и угледот“. Ним им е спортно тоа што „Јужне вести“ известуваше за јавните судења. Заради тоа, се наведува во тужбата, бараат по 350.000 динари.
За Станимировиќ и Јанковиќ според тужбата, спорно е тоа што во Јужне вести се пишувало за самиот судски процес кој е воден против нив. Двајцата го гледаат како спортно тоа што во новинарските текстови се пишувало кога ќе бидат одржувани рочиштата, кои ќе бидат доказите презентирани пред судот, а и воопшто што е известувано за судењата.
Во тужбите навеле дека тие се „семејни, ненасилни луѓе“, а и дека сега луѓето на улица ги прашувале „за какви закани станува збор“.
Новинарот и главен уредник на порталот Јужне вести во низа текстови изнел наоди кои штетеле на честа и угледот на тужителите… Противтужениот е неосудуван, семеен човек, лично и професионално е личност која не е склона на противзаконско однесување, па пишувањето на тужителот (Благојевиќ), уште толку го погоди – се наведува во противтужбата на Станимировиќ.
Слична е и противтужбата на Јанковиќ, за кој спорно е тоа што во Јужне вести се пишуваше за тоа дека се претстави како „Јанковиќ од Топлана“. Јанковиќ ова го тврди и покрај тоа што навистина така се претстави, за што сведочи и аудио снимка.
Одборот за човекови права: Противтужбата е неоснована – судењето било јавно, па и податоците се јавни
Драган Ѓорѓевиќ од Одборот за човекови права вели дека во овој случај не е прекршен ниту еден закон бидејќи се работи за јавно судење, отворено за граѓаните. Со самото тоа, додава, сите податоци за судењето се јавно достапни.
Медиумот известувал за јавно судење, пренесувал информации од јавно судење, не ја прејудицирал конечната одлука на судот. Јужне вести и самиот Благојевиќ, по мое мислење, не прекршиле ниту еден закон – наведува Ѓорѓевиќ.
Во овој случај, додава Ѓорѓевиќ, постоела потреба за поголемо внимание од јавноста, која „морала да знае што се случува со случајот во кој е пречено на новинарите“.
Инаку, по закон, сите судења се јавни и сите граѓани можат да присуствуваат. Можно е јавноста да биде исклучена, но тоа е само по посебна одлука на судот и само во посебни ситуации, што овде не беше случај.
Поради тоа, на порталот на судовите на Србија, јавно се објавуваат и најавуваат овие судења, па и ова е јавен податок.
Правосудтвото се помалку препознава закани за новинарите
Да потсетиме, Вишиот суд во Ниш на крајот на февруари минатата година, осуди тројца мажи за закани на новинарот и уредник на Јужне вести Предраг Благојевиќ и ги осуди на законски пропишаната минимална казна од 6 месеци условна затворска казна.
Виновни се затоа што со умисла и во пресметлива состојба, сериозно заканувајќи му се за животот и телото, ја загрозиле безбедноста на Предраг Благојевиќ – пишува во пресудата на Вишиот суд.
Сепак, Врхониот касационен суд во меѓувреме ја преиначи оваа пресуда и ги ослободи сите тројца, заклучувајќи дека всушност не било збор за закани.
Досега за закани за новинари се судело уште неколку пати, но судовите секогаш пресудувале во корист на оние кои заканувале, најчесто заклучувајќи дека не станува збор за закани.
Досега за закани на новинари во Ниш, правосилно е осуден единствено Бојан Маринковиќ викан Бојзи, кој во текот на судењето призна дека направил кривично дело, па е казнет со 4 месеци условна затворска казна.
Сепак, многу брзо по носењето на пресудата, Маринковиќ стана кандидат на СНС за советот во Општината каде што денес ги претставува граѓаните.


