Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мудроста на воспитувањето

0
By Нова ТВ on July 11, 2018 КОЛУМНА
Фото: Женски магазин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Наде Молеровиќ, мотивациски говорник

„Додека се трудиме да ги учиме нашите деца каков е животот, тие се обидуваат да не научат што е животот”

Има луѓе кои поседуваат знаења кои ги стекнале со текот на образованието, со читањето книги, со  патувањата и со најразлични животни искушенија и искуства, но, така мудрост не се стекнува. Мудроста по дефиниција е способност на расудување и соочување со други луѓе и ситуации на исправен начин, со разбирање и емпатија.На децата им епотребна помош при растењето, а на родителите искуствени совети како да им се помогне.

Денес се живее под стрес од недостаток на време и преголеми обврски.

Ретко прашуваме едни за други, всушност и не прашуваме, а, ретко слушаме.

Не забележуваме како полека се одалечуваме едни од други, дури и од најблиските, а нашите деца растат покрај нас со технолошките играчки кои им се замена за се реално и вистинско.Ние се помалку ги познаваме, за жал. Можеме тоа и да го промениме, ако сакаме, да почнеме од себе , да го вреднуваме мигот да бидеме тука и сега за нив. Наша е одговорноста за нашите деца, единствено ние имаме влијание да промениме нешто и да бидеме тука секогаш за нив, тогаш кога највеќе им требаме тие треба да знаат дека сме тука. Да се обидеме да бидеме подобри родители од нашите родители не дека не сакале, туку толку знаеле и умееле.Тие го направиле најдоброто за нас и да им простиме за грешките и пропустите. Тоа е првиот чекор до промената, да простиме и да истражуваме како ние да бидеме подобри.. Децата денес не се исти како оние вчера и години наназад. Денешниве побрзо мислат, пољубопитни се, поотворени, бараат друг вид внимание и не се воодушевуваат на авторитети, бараат почит и доверба. Тоа се нашите деца од новото време.Но, и родителите веќе не се исти како оние од вчера или години наназад. Денешниве родители се позагрижени, под поголем секојдневен стрес, поуплашени се, со помалу слободно време, а со поголеми обврски. За да се одгледа  и воспита среќно, исполнето и успешно дете потребно е едукација за поседување и развој на емоционална интелигенција .Полека но сигурно ни станува јасно дека во животот среќни и успешни луѓе се оние кои станале свесни за себе, за животот како вредност и потребата од постојани промени. Прифатете ја вашата одговорност за можноста најголемиот подарок за нив е вашето време.Време во кое фокусирано ќе му се посветите на детето следејќи ги неговите интереси со креативни активности.Ниската самодоверба на децата е вина на родителите кои имаат одговорност кон своите деца. Не го обвинувајте медиумот, општеството, интернетот, училиштето, не смеете. Имајте фокус на сопственото дете  препознајте ги неговите емоции, ако е тажно прашајте го што се случило, слушајте го внимателно, поставете прашања кои не обвинуваат и осудуваат. Учете ги дека сите луѓе се различни, дека не се сите искрени и тоа да не ги разочарува. Дека секогаш ќе им бидете ментор, не заборавајте вашето дете нема да ве слуша што зборувате тоа ќе ве гледа што правите. Должни сте како родители да ги следите неговите соништа, да му верувате кога ќе ви каже што сака да биде и да му бидете секогаш ветар во грбот. Сакам да ја споделам со вас животната приказна на Цезар Милано мексиканец кој живеел во сиромашно семејство во кое најголемиот учител му бил неговиот дедо. Играјќи си надвор забележал како сите соседски кучиња доаѓале и си играле со него, тој ги дресирал шепкајќи им зборови за кои верувал дека е јазикот на кој тие го разбираат. Еден ден тој на своите родители им кажал дека сака да биде најпознат дресер на кучиња во светот затоа што тие го разбираат. Вие сте му примерот за добра комуникација, однесување и успешност. Учете ги дека поради еден непријател не треба да ја пропуштат и видат убавината и љубовта во едно пријателство.Учете ги да умеат да се справат со неуспесите и да се гордеат на успесите.Учете ги за тајната на насмевката и љубезноста. Учете ги да читаат и уживаат во задоволството од стекнатите знаења.Учете ги да умеат да ја видат убавината во птиците, изгрејсонцето и сопствените соништа. Учете ги да ги слушаат другите кога зборуваат и да ја препознаат вистината. Учете ги да бидат трпеливи и храбри.Да ги препознаат емоциите на другиот. Учете ги да сакаат.Учете ги да се извинат кога сметаат дека навредиле некого. Учете ги дека секој ден е нов ден за нови знаења…….Учете ги да си веруваат себе си зошто само така ќе имаат верба во другите луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.