Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе си поднесе оставка, рече собранискиот спикер на земјата. Со тоа Мугабе стави крај на неговото 37 годишно владеење.
Соопштението доаѓа откако парламентот започна постапка за негов импичмент, шест дена откако војската го презеде главниот град Хараре.
Повлекувањето на Мугабе означува крај на една ера во Зимбабве – тој владееше со земјата со челична тупаница речиси четири децении и е единствениот лидер на земјата откако стекна независност од Британија во 1980 година.
Пратениците прославија со аплауз кога ја добија веста за неговото повлекување.