Во организација на движењето „Македонија блокира“ денеска група граѓани одржаа протест пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани.
Демонстрантите му врачија протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени, и од него побараа да ја промени својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.
Мукоски ги пречека демонстрантите и дел од нив прими во својот дом, за како што рече, да се напијат кафе, ракија, да поразговараат и со здравје да си одат.