Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мурат Озиашар и Башким Шеху добитници на „Балканика“ за 2015 и 2016

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 КУЛТУРА
Фото: Радио МОФ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје викендов беше домаќин на еден од најзначајните книжевни настани во регионот – жирирање и свечено доделување на меѓународната книжевна награда „Балканика“ за најдобра книга за 2015 и 2016 година – пренесе „Радио МОФ“.

На вчерашното свечено доделување во киното „Фросина“ во Скопје, турскиот писател Мурат Озиашар бeше прогласен за добитник на наградата „Балканика“ за 2016 година за неговата книга „Црн хумор“ (Yellow laugh). Меѓу седумте кандидати за наградата, од Македонија беше Лидија Димковска, со романот „Но-Уи“ („Или-Или“). Наградата за 2015 година ја доби Башким Шеху, писател од Албанија кој живее во Барселона, за книгата „Играта на падот на небото“ (The Game, the fall of the sky). Наш кандидат за оваа награда лани беше Владимир Јанковски со романот „Невидливи љубови“ на „Антолог“.

На свеченото доделување, на присутните претставници на Фондацијата „Балканика“, издавачи и автори од седумте земји – членки од регионот им се обрати заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски. Тој потенцираше дека е важно во сите 7 земји – членки да продолжи да се негува и унапредува оваа традиција, во дослух со современите трендови.

„Република Македонија ќе продолжи да дава значајна поддршка за ваков тип на манифестации и ги охрабруваме културните институции од сите земји – членки да го сторат истото. Денешницата, дигиталната ера која носи бришење на границите за комуницирање и патување на културата и уметноста, ги носи и своите предизвици. Честопати ни се чини дека зборовите го губат своето значење и вредност во една општа деградација на јавниот дискурс. Гледајќи во вас, го гледам најсилното оружје со кое можеме да се справиме со тие предизвици – убавиот збор“, истакна заменик-министерот Лазовски.

Изборот на наградените го спроведе меѓународното жири, составено од седум реномирани книжевни критичари од секоја држава, кое го предводеше претседателот на жирито, професорот Ендрју Вахтел од САД. Фондацијата „Балканика“ е основана во 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од седум држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.