Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мувата што зуи околу Луј Витон

0
By Биљана Секуловска on December 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една лажна Луј Витон чанта, доволно голема за да прими некој милион евра, во ситно, по 50 апоени. Камчев додал луксузни магазини, претпоставувам “Вог”- само тоа би можело да го задоволи него во исмевањето, и само тоа би можело да го распамети Боки 13, во поривот да се залепи самиот себе на страниците, бесно кинејќи ги другите лица.

Само тоа и двајцата ги опишува навистина- колкaва е заслепеноста за мазно, меко шушкање на хартија, сеедно дали на неа се напишани и нацртани само бројки кои претставуваат парична вредност, или се слики на привлечни чанти, сепак, таа хартија создава болест- и создава некого во жртва на самиот себе.

За  да се документира тој спектакл, неопходни се неколку камери наоколу, за да снимаат изнесување на таа измрцварена чанта. За тоа сепак е најблагодарно дневното светло, блескаво, неверојатно заслепувачко.

Следуваат доволно крупни кадри, за да се распознаат лицата на алчните странки како ја изнесуваат таа чанта, наводно, полна со милиони- тоа се Боки 13 и Зоки Кичеец, додека Орце Камчев ги испраќа од влезот на сопствената куќа.

Евтина е по изглед Витонката, никој околу тоа не спори, сеедно што дури и кога е вистинска, секако изгледа млитава и незаинтересирана за тоа кој ја носи, затоа што како поминувало време, станала разочарана што служи за потсмев со децении. Како и нејзините сопственици, добога.

Но сепак, внимавајте- дури ни таква неспособна за големи подвизи, депресивна како ја навјсала староста, лажна по самата дефиниција на постоењето, сепак, не може да се купи за жолти парички.

Тоа го знае и човекот што ја полни- Орце Камчев, првата жртва од операцијата Рекет. Ве молам, не се чудете сега кога велам жртва, па секако дека е жртва пред сè  на самиот себе, најмногу на сопствениот живот, поминат низ судските тахикардии на процесите, засега неуспешни. Но, ако ја слушате неговата приказна, можно е и да добиете ужасен порив да помислите дека вие сте главниот џелат и мозокот на целата операција, низ деценииве обвинуван, за нешто, за сè, барем за нешто, за што навистина и никогаш и не одговарал.

Тој огромен еп за него, таа предолга поема, тие бескрајни томови на неправдата, само ја опишуваат приказната на Македонија- корумпирана, криминогена во полн сјај и расцвет во време на груевизмот, да, но едно е сигурно- тоа не може да продолжи вечно, факт кој и него го плаши.

Но, за тој негов профил подоцна. Затоа што, следуваат и следните жртви на излогот кој засега само се гледа, некако не се разбира и дополнително се замаглува и размачкува.

Втората е нам добро познатиот младич- Боки 13, сечија жртва и ничија- сè  му е и нему и вам испомешано, како и на Камчев, впрочем, кога станува збор за жртвите и џелатите.

Најпрво, Боки знае дека мора да се има фокус во целата драма- тој добро почнува со еден главен лик, кој и навистина и му ја поставува стапицата- вели дека е жртва на Камчев, во ред, тоа и има смисол.

Но, потоа ја споменува и политиката, политичари од врвот, вплеткувајќи се и заплетувајќи сосема нејасно сè . Но, мора некој и да му каже, еднакво како и на Камчев, кој идентично споменува политички фигури- значи, потребно е некој да им каже и на двајцата една, навидум неважна ситница. Дека е одлично смислен тој план, да се споменуваат имиња на високи функционери, највисоките, во власта, дека им се блиски пријатели, род небаре, пораснати заедно, доволно нивни за да бидат сега еден по еден колвани- итро, лицемерно, перфидно. Сеедно е што ниедна од нашиве жртви нема доказ за злоупотребите на некои од тие политичари, за нивното делување, за навистина криминално дејствие.

Знаете како- колкупати ги споменувате нивните имиња, тие гласови се мултиплицираат. Стануваат ехо, сите ги изговараат, влегуваат во сечија уста и уво, стануваат комарци, муви, бубашваби, стаорци, чудовишта. Не можете едноставно да се отарасите од имињата. Ви зујат, во ѕвонат во ушите, насекаде ги слушате, дури и кога ги затворате ушите со мачнина, некој го попушта тонот на телевизорот, на компјутерот, на мобилниот, ви се расцепува, ви рапукнува тапанчето. Тоа е и идејата, зарем не?

Засега имаме две жртви, а следува и третата- Катица Јанева- секако и таа е на самата себе, како и нејзините пријатели погоре.

Низ различните патишта секако овие три жртви се упатиле и попат се изгубиле, така и започнала сезоната на ловот, ако сега се сетат сите тројца на почетоците.

Но, сè  се сведува на пустата младост изгубена низ потрагата по трупање и блуење од непознати извори- на оригинални чанти, или часовници, или бунди, или слики на стари мајстори, макар и македонски, на нивните пејсажи во кои таму некаде и тие тројцата се насликани.

Тие таму, низ некоја помрачина на некоја слика од Личеноски, нашиве жртви, не можат да се препознаат денес. Разбирливо, кој би ја нашол симболиката во има една мува што зуи, една ѕуница попат, раскошно стебло, крошна расцветана, жена што страсно чита книга, и две мртви риби, на чинија приложени. Иако изгледаат као живи, подготвени да проговорат.

Ставете ги сите овие слики во една, ќе добиете еден цел свет, поминат во вистински, цел, долг живот. Нашиве жртви, тројцата тие, сè  од ова сакале, одеднаш и веднаш. Дури и еден мајстор како Личеноски, не можел тоа задоволство да им го пружи. И тоа сакал да им го каже со неговите слики- дека поинаку е губење време, невозможно е, недофатливо. И затоа е разбирливо што ден денес, тие се чувствуваат како жртви.

А ние, нас нè  доживуваат како нивни џелати, само затоа што чекаме правдата да им покаже на сите тројца дека сме тука- ние, чекаме, но одамна не сме така трпеливи. Разгледајте некоја слика на Личеноски, таму секако дека ќе се пронајдете- таму сме и ние, и воопшто не изгледаме така кутро, како нашиве жртви расплакани.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.