НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музичката програма на 12-то издание „Синедејс“

0
By Нова ТВ on November 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со зборовите „Нека се тркала“ на директорот на МКЦ, Златко Стефковски и прикажувањето на музичкиот документарец „Меѓу два урагана – THE ROLLING STONES“, изработен по повод 50 години постоење на легендарниот рок-бенд, започна 12-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Под мотото „Европа тоа го прави најдобро“ во пет кино-простории, публиката ќе може да проследи вкупно седум програми (како и работилници, предавања, перформанси и средби).

Помеѓу програмите на овогодинешниот „Синедејс 2013“, со филмот на Брет Морген за Стоунси, започна и делот на музички документарни филмови селектирани од Тони Шариќ, директор на меѓународниот фестивал „Дорф“ од Хрватска. Во програма се:

1. Меѓу два урагана – THE ROLLING STONES (14 ноември 2013 Милениум и Фросина): Филмските работници кои работеа на „Меѓу два урагана“ успеаја да соберат повеќе од 1.000 часа видео-снимки и 500 часа аудио-записи така што добија пристап до исфрлените делови од речиси сите документарни филмови за „Ролинг Стоунс“.

2. Дамир Авдиќ – Вистинскиот човек за капитализмот (15 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): Документарниот филм зборува за Дамир Авдиќ, босански музичар, поет и писател кој живее и твори во Словенија. Застанат среде сцената, сам, вооружан само со гитара и со сопствениот глас тој пее за војната во Босна, откривајќи го нејзиниот безмилосен пустош.

3. Апокалипса – Турнеја на Бил Калахан (16 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): Бил Калахан е навистина неверојатен музичар и овој филм ќе ги израдува сите оние кои ја ценат добрата музика и снимањето звук.

4. Помешани со странци (17 ноември 2013 Кино Фросина МКЦ): Филмот што Том Бернингер конечно го создава е смешен и трогателен поглед на двајца многу различни браќа и претставува еден необичен, но неверојатно емотивен портрет на еден популарен и малку поразличен бенд.

5. Гензбург за Гензбург: интимен автопортрет (18 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): Интимен и емотивен портрет на човек кој растел под силно влијание на доминантниот татко и живеел како еврејско дете во Франција под нацистичка окупација.

6. Загубен звук (19 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): Фасцинантен документарец за губењето на слухот. И самата, делумно глува, режисерката Линдзи Драјден ги прикажа животите на еден музички критичар, на една танчерка и на една пијанистка – нивниот заедички хендикеп е губењето на слухот…сте се запрашале ли некогаш: што ако ја загубам способноста за слушање музика?

7. Како влеговме во Европа – Случајот СехА (20 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): SexA е веројатно најдобриот хрватски noise бенд, воопшто. Тоа е и бенд чијашто кариера требаше да добие залет со помош на моќниот Стив Албини…но доаѓа војната. Филмот на Инес Плетикос е воедно и победник на овогодинешниот фестивал „Дорф“.

8. Пунчке (20 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): Не сакајќи да се ограничуваат само на еден музички правец, Punčке денес во своите песни комбинираат различни влијанија и создаваат поинаков звук од оној што беше на почетокот, а публиката често ги опишува како инди-поп бенд кој се движи на линија помеѓу Television, Joy Division, Patti Smith и други.

9. Буквално се: музиката и ерата на Грент Харт (21 ноември 2013 Џебно кино МКЦ): Овде го имаме Грент Харт, 100 % нерафиниран и спонтан. Поранешниот песнописец, пејач и тапанар на Hüsker Dü, ве воведува во неговиот свет со едно негово старо интервју, во кое веднаш ја исклучува можноста за какво било повторно собирање на Hüsker Dü и се жали, седнат зад своите тапани во годините на зенитот на популарноста на овој легендарен средноамерикански панк бенд.

10. Duran Duran: UNSTAGED (23 ноември 2013 кино Фросина): Концертот на „Дјуран Дјуран“ во режија на Дејвид Линч е премногу необичен за да не се погледне.

Селекцијата на Шариќ изобилува со талентирани режисери, а најголемото име кое се појавува во оваа категорија е Дејвид Линч, како режисер на последниот филм кој што ќе се прикажува од музичките документарни филмови, „Duran Duran: UNSTAGED“. Линч е три пати номиниран за Оскар за „најдобар режисер“ во неговата кариера, и еднаш за „адаптирано сценарио“. Неколку пати е номиниран за Златен Глобус, а добитник е на награди од многу филмски фестивали.

Фестивалот CINEDAYS ќе се одржува од 14 ноември до 23 а е поддржан од Градот Скопје, Министерството за култура и Делегацијата на Европската унија.

>> Започна 12-то издание на „Синедејс“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.