Пред Министерството за култура и Општина Аеродром во текот на ноќта непознати лица истуриле боја на ѕидовите. Жолта боја на влезот на Министерството за култура и црна боја на ѕидовите од зградата на Општина Аеродром.

На зградата на Министерството освен освен боја, со врвени букви стои напишано „МКД“.
Црна е истурена врз фасадата на Општина Аеродром.
Двата настани биле пријавени до МВР, а од таму соопштиле дека преземаат мерки за расчистување на настаните. Снимките од безбедносните камери на влезот се кај полицијата и тие ги прегледуваат.