Министерството за внатрешни работи ја демантираа информацијата објавена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните.
– Ве известуваме дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа. Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите – велат од МВР.