Санкционирани се 249 возачи во вчерашните сообраќајни контроли на територија на град Скопје од кои 60 за возење над дозволената брзина, 44 за возење под дејство на алкохол, а 31 за возење без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Изречени се и осум мерки за користење на мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник, итн.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачуваат од МВР.