Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР нема дадено согласност до Судот за меѓународна потерница за гинекологот

0
By Менче Атанасова Точи on December 26, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До сега МВР нема дадено никаква согласност за Судот да може да нареди распишување меѓународна потерница за гинекологот Николче Дамчевски. Ова за НОВА го потврдија од Основниот суд 1 Скопје. Како што објаснуваат, за Судот да нареди распишување ваква потернициа, потребно е претходно да добие согласност од МВР.

„Немаме добиено согласност од МВР за Судот да побара да се распише меѓународна потерница“, велат за НОВА во Основен суд 1 Скопје.

Од МВР пак, тврдат дека меѓународна потерница се распишува на барање на Судот. Воопшто не појаснија дека за Судот да распише потерница согласност треба да даде МВР.

„За Дамчевски има распишано национална потерница, што значи само во границите на нашата држава. Судот е тој кој што треба да побара и да иницира меѓународна потерница. Ние сме само извршители“, изјавија за НОВА во МВР, пред два дена.

Ваквата неусогласеност меѓу овие две суштински важни институции, резултираше со бегство на осудениот гинеколог Дамчевски. Нејасно е дали се работи за непознавање на работите на новата структура на власта во некоја од овие институции што резултира со ваков пропуст.

 

По пресудата на 7 ноември со која Апелација му ја зголеми казната од 1,6 месеци на 2 години затвор, Дамчевски имал упатен акт за издржување на казната уште на 14.11.2018 година, кога е побарано од МВР да се утврди неговата достапност. Од Основен 1 велат дека до овој момент Судијата за извршување на санкции не добил никаков одговор од МВР.

Зошто не бил спроведен Дамчевски на издржување на казната која веднаш била извршна, треба да одговарат од МВР.

Во меѓувреме НОВА од свои извори дознава дека Дамчевски не ја напуштил Бугарија и се уште се наоѓа во Софија. Извори од болницата за НОВА брифираат дека Дамчевски бил советуван од колегите и од раководството на болницата, да се предаде и да оди на издржување на затворската казна.

Додека МВР и Судот си ја префрлаат топката едни на други Дамчевски успеа да се вработи во софискиот Медицински центар„ Мајчин дом“каде извршуваше прегледи, поставуваше дијагнози и лекуваше се до моментот кога НОВА го откри и ја објави информацијата дека осудениот гинеколог избегал од државата.

Веднаш по ова Дамчевски доби отказ од работа, а бил избркан и од Бугарскиот сојуз на лекари. Додека тој слободно се движи и живее во соседна Бугарија, Македонија не презема никакви мерки за да го врати назад на издржување на казната. На Дамчевски му е одземена и лиценцата за работа на осум години.

Гинекологот кој е осуден за Тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа, поради тоа што девет месеци лажеше пациентка дека е бремена,  пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи. На 7 ноември Апелациониот суд ја потврди пресудата од Основен суд 1 и му ја зголеми казната од 1, 6 месеци на 2 години казна затвор.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.