Министерството за внатрешни работи вечерва информираше дека едно од двете лица кои беа иницијатори на инцидентот во автобус на ЈСП е приведено.
Полицијата и натаму трага по вториот учесник во настанот, а од МВР потврдуваат дека работат на брзо расчистување на случајот.
За потсетување, од видеото кое е јавно објавено се слуша како едното лице упатува смртни закани кон патничка, за која беше објавено дека е повозрасна жена.

