Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР промовира 590 нови полициски службеници

0
By Sashko on August 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувување на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, на етничката или на верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 нови полициски службеници – генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

„Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот рeд и мир, за нашата безбедност и сигурност. Во изминатите три децении изградивме високо професионална полиција во чии редови се најдобрите и најподготвените, кои професионално, достоинствено и со личен интегритет ги извршуваат своите задачи, секогаш ставајќи се на располагање на граѓаните и нивните потреби“, истакна Пендаровски.

На новите полицајци им порача дека граѓаните токму во нив гледаат мотивирани, посветени професионалци кои одговорно и доследно ќе ги извршуваат своите задолженија, ќе ѝ служат на својата земја и ќе го штитат животот и имотот на своите сограѓани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новите полициски службеници кои денеска дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го има остварено најдобриот резултат во последните 10 години.

„Поминавте една година на патеката што ви овозможи да направите, би рекол, еден мал увид во тоа што значи да се биде полициски службеник. Имавте можност да си ги тестирате границите, да ги надминете своите и очекувањата на другите. Да увидите дека полициската професија се соочува со секојдневни предизвици на кои треба веднаш да се одговори, но и носи огромно задоволство со секој постигнат резултат како сервис на граѓаните, со секоја успешна реализација како гарант на безбедноста“, истакна Спасовски.

Потсетувајќи се на неодамнешните насилни протести, тој го потенцираше значењето на полициската професија за безбедноста на институциите, граѓаните и државата.

„Полициските службеници кои беа на браникот на државните институции, меѓу кои, за жал, имаше и повредени, најпластично ја демонстрираа непоколебливоста, подготвеноста, храброста и жртвата за заштита на државата и за гарантирање на безбедноста на граѓаните“, нагласи министерот Спасовски.

Потенцираше дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.

„Токму затоа наш врвен приоритет беше создавањето модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе одговори на работните задачи. За остварување на тој наш приоритет многу работи направивме, а резултатите, меѓу другото се видливи во сите 75 реконструирани објекти на МВР ширум државата, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица“, истакна Спасовски.

Од вкупно пријавените 625 кандидати, обуката успешно ја завршиле 590 од кои 487 мажи и 103 жени со среден успех на генерација од 523 бодови од можни 600.

На церемонијата беа доделени плакети за 18 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2021/2022 беше прогласен Стефан Митаноски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.