Министерството за внатрешни работи се уште нема поднесено ниту една пријава за вчерашното инциденти и оштетувањето на државниот имот што се случи за време на протестите пред општината Центар.
Во дневниот билтен на МВР стои дека дека дел од присутните, кои протестирале со свирење и удирање со раце по бараката, преку вратата пробале насилно да влезат во општинските простории, но биле спречени од страна на полицијата.
Денеска пред општината е мирно, а од утрово надлежните почнаа со расчистување на просторот.
Заменети се и искршените прозори, како и влезната врата на бараката во која вчера требаше да се одржи најавената седницата на Советот за ставање вон сила на неколку детални урбанистички планови во ценатарот на Скопје.
Во разговор за НОВА, претседателот на Советот на општината,Мирослав Шиповиќ, изјави дека „седницата ќе биде закажана за ден до два“.