Наспроти информациите за голем број нерегуларности за време на изборите и прекршување на молкот од страна на невладините МОСТ и ЦИВИЛ, кои ги мониторираат изборите, МВР излезе со поинакви информации.
Портпаролот на МВР Иво Котевски информира дека најголемиот дел од избирачките места или над 99 отсто навреме се отворени и гласањето тече без никакви проблеми во демократска атмосфера:
– До 14 часот не е регистриран ниту еден посериозен инцидент и немаше потреба од посебна интервнеција на полицијата. Гласањето на избирачките места се одвива без проблеми и без нарушување на избирачкото право
На некои места, спроед него, имало задоцнување и мали прекини при гласањето заради технички причини и поситни забелешки, но тоа генерално не влијаело на избирачкиот процес досега.
– Оперативниот штаб во МВР функционира постојано, а во него се присутни претставниците на меѓународната заедница и набљудувачките мисии.
До МВР доставени се неколку поплаки и претставки и по сите се постапува, а повеќето се расчистени.
Во МВР досега нема пријавено таканаречени „фантомски“ гласачи кои наводно биле дојдени од Мала Преспа.