Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР:Мигрантите бараат во Центарот за азил, но мора да ги почитуваме процедурите

0
By Менче Атанасова Точи on June 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР ја потврди информацијата на НОВА, дека во Центарот за мигранти во Гази Баба се случува бунт на бегалците. Но, нема детали што превземаат и дали бунтот е смирен.

„Мигрантите бараат да бидат префрени во Центарот за азил во Визбегово, но мора да се почитуваат процедурите. Ние се трудиме максимално но, процедурите се такви, изјави кратко за НОВА Деана Недељковиќ, советник за односи со јавност во МВР.

Народниот правобранител, Иџет Мемети најави дека уште попладне стручно лице од институцијата ќе го посети Центарот за мигранти во Гази Баба за да види што се случува таму и да отвори предмет. Утре изутрина екипа од Народниот правобранител детално ќе истражува што го предизвикало бунтот на бегалците.

„Утре ќе испратиме цела екипа, но случај ќе отвориме уште денеска. Имаме информации дека нешто се случува таму“, изјави за НОВА Мемети.

Народниот правобранител Мемети потенцира дека уште во 2012 година ги уочиле и регистрирале сите проблеми со кои се соочуваат мигрантите, од законските процедури, до лошите услови во Центарот.

„Уште оттогаш бараме промена на законската регулатива и подобрување на капацитетите каде што се сместени мигрантите бидејќи Македонија мора да ги прифати стандардите. Во нашите извештаи стои дека таму нема минимум стандарди за живот, во Центарот условите се ужасни“, изјави Мемети.

Како што објави НОВА во Центарот за мигранти во Гази Баба мигрантите се кренале на бунт. Жителите кои живеат во близина на Центарот слушнале силно викање и го снимиле видеото на кое се слуша како мигрантите викаат„Сакаме слобода„

Очевици на настанот велат дека граѓаните се вознемирени, не знаат што се случува во Центарот, а ситуацијата не се смирува.

Од Невладината Легис не знаат за што с е работи, дали се работи за пренатрупаност од бегалци, дали се бунтуваат поради лошите услови или пак, за некоја меѓусебна расправија. Од „Легис“ ги повикаа Народниот правобранител, УНХЦР и Црвениот крст да извршат надзор и да видат што се случува во Центарот.

БУНТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА МИГРАНТИ ВО ГАЗИ БАБА, СКОПЈЕ! СЕ МОЛАТ МЕДИУМИТЕ, НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, УНХЦР И ЦРВЕН КРСТ ДА ИЗВРШАТ НАДЗОР!

Posted by Jasmin Redzepi on среда, 10 јуни 2015

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.