Од 1500 до 2500 евра била цената која ја барала уапсената измамничка позната како „Генерал Мими“ потврди денеска МВР.
Таа се преставувала како шефица на базата Бондстил на НАТО во Косово и на жртвите им ветувала вработување, високи плати и големи бизниси.
-Досега има четири пријави од измамени граѓани на кои им ветувала работа како шофери, готвачи и други работни места во НАТО изјави Марија Јоковлеска портпарол во МВР.
Измамените граѓани дури оделе да се облечат во скапи бутици за да изгледаат добро на бизнис средбите кои никогаш не се случиле. Откако ќе ги земела парите 34 годишната изманичка позната како „Генерал Мими“исчезнувала.
Приказната стигнала и во НАТО. Од МВР потврдија дека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за случајот била известена директно од генералниот секретар Андрес Фог Расмунсен кој укажал дека жена измамничка го злуопотребува името на алијансата. Се уште не се знае колку луѓе се вплеткани во мрежата на „Генерал Мими.
“