Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Доколку се оцени дека е потребен ПСР тест за странци, ќе се даде препорака до Владата

0
By Менче Атанасова Точи on August 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку се оцени дека е потребно да се воведат задолжителни ПСР тестови за влез во државата за жители на одредени држави Комисијата за заразни болести ќе даде препораки на Владата за воведување на тие дополнителни мерки. Вака одговорија од Министерството за здравство на прашање на НОВА, дали ќе бидат воведени задолжителни ПСР тестови за влез во нашата држава, дури и за излез, без разлика дали се тоа патници кои транзитираат или не.

„Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со Ковид-19 во светот и регионот и согласно тоа, доколку се оцени дека е потребно, ќе даде препораки до Владата на РСМ за воведување на дополнителни мерки за жители на одредени држави или кои доаѓаат од одредени подрачја.

Впрочем, така и беше донесена препораката за задолжителниот ПСР тест за влез во земјата за државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија во јули“, велат од Министерството за здравство.

Од таму посочуваат дека по предлог на Комисијата за заразни болести, Владата на РСМ на 75-тата седница што се одржа на 08.07.2020г., донесеhttps://vlada.mk/node/22051 дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

„Одлуката стапи на сила од 9 јули. Дополнително, на 10 јули, во функција на операционализирање на Одлуката дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, Главниот координативен кризен штаб ги прифати насоките доставени од Министерството за внатрешни работи изработени во соработка со Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи.

Во документот, во однос на транзит низ територија на Република Северна Македонија на државјани на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ги опфаќа следните насоки:

а. При влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, не е потребно да се приложи медицинска потврда од направен ПЦР тест, имајќи предвид дека странскиот државјанин транзитира низ територија на Република Северна Македонија, односно потребно е само да потпише изјава и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.

б. При влез на копнен граничен премин, а со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, потребно е задолжително да се прикаже авионски билет (електронски билет) и да се потпише изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.

в. За професионалните превозници (возачи), не е потребно приложување на медицинска потврда од направен ПЦР тест, само со обврска за задолжително почитување на протоколот за вршење на меѓународен превоз.

Авион од Скопје со 157 патници од кои 24 позитивни на Ковид-19 во саботата слета на аеродромот во Турку, Финска. Ова, според агенцијата „Ројтерс“ е причина за земјата да воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од држави со висок ризик.

Министерката за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру информира дека на аеродромот во Турку во саботата било организирано доброволно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два неодамнешни авионски летови од Северна Македонија и од Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска.

Во иднина ќе биде задолжителен двонеделен карантин, а ќе се прават тестови за Ковид-19 за секој што ќе пристигне од земја во која има меѓу 8 и 10 позитивни случаи на вирусот на 100.000 жители во последните 14 дена.

Авиокомпаниите добија обврска да ги информираат патниците за задолжителното теститање по пристигнување во Финска. Непочитувањето, пак. на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со затвор до три месеци или парична казна.

Иако од Министерството за здравство на РСМ објавија дека ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи дека немаат решение за изолација како позитивни од ДСЗИ, а скоро сите патници биле со пасоши од други држави, сепак, Македонија е посочена како земја од каде што стигнале заразените 24 патници.

„Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши“, велат од  Министерството за здравство.

Згора на се, нашата земја котира високо меѓу земјите со најмногу смртни случаи и заболени на 100. 000 жители.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.