Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Викендот помалку тестирани и заболени од коронавирус, активни 6.759 случаи

0
By НОВА ТВ Balaban on October 19, 2021 ПОЛИТИКА
epa09426895 A healthcare worker prepares a syringe with the Pfizer-BioNTech Covid-19 vaccine at a pop-up COVID-19 vaccination clinic at the Montague Charter Academy of Arts and Sciences in Arleta, California, USA, 23 August 2021. The Food and Drug Administration on Monday granted full approval to Pfizer and BioNTech's Covid-19 vaccine, making it the first FDA approved Covid-19 vaccine in the nation. EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Од починатите, 12 се од Скопје, на возраст 86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г, две починати лица од Куманово 71г и 42г и по едно починато лице од Богданци 70г, Велес 73г, Гевгелија 69г, Кичево 69г и Македонска Каменица 87г.

Викендот, како и минатите саботи и недели, бројот на тестирани и заболени од коронавирусот значително намален под 10 проценти на позитивни од Ковид-19 од тестираните. Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина.

За разлика од работните денови кога процентот на заболени од коронавирусот се движи над 10 до 15 отсто од тестираните, во неделата на изборниот ден, регистрирани се 107 позитивни на SARS CoV-2 од 1667 тестирани, односно 6,4 проценти.

Министерството за здравство во вчерашниот извештај регистрира и 247 оздравени пациенти, а пријавени се 19 починати лица или вкупно од почетокот на пандемијата 6.964 починати од коронавирусот.

Од починатите, 12 се од Скопје, на возраст 86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г, две починати лица од Куманово 71г и 42г и по едно починато лице од Богданци 70г, Велес 73г, Гевгелија 69г, Кичево 69г и Македонска Каменица 87г.
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.  Дополнително, согласно Регистарот, умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, од Министерството соопштија дека пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 16 септември 2021 до 4 октомври 2021 година. Од нив двајца починати се од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови на активни случаи на коронавирусот е следна:  Скопје – 3447, Куманово – 550, Велес – 315, Охрид – 227, Прилеп – 214, Штип и Струмица – 193 , Битола – 191…
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197. Бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.
Заклучно со 16 октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани. Педест и четири проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Секоја втора вакцина произведена во Европа била за извоз
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека во ЕУ повеќе од 75 проценти од возрасните граѓани се веќе целосно вакцинирани против Ковид-19.

Таа додаде дека до вчера, ЕУ извезла повеќе од милијарда дози вакцина во повеќе од 150 земји во светот. ЕУ е најголемиот извозник на вакцини, рече претседателката на Еврокомисијата. Според неа, секоја втора вакцина произведена во Европа била за извоз.

Фон дер Лајен објасни дека целта е до следната година 70 проценти од луѓето ширум светот да бидат вакцинирани против новата болест. Таа потсетува дека Ковид-19 може да се победи само со борба насекаде и најави дека ЕУ ќе донира најмалку 500 милиони дози за најзагрозените земји во следните неколку месеци.

Портпаролот на ЕК во меѓувреме соопшти дека во Унијата досега се издадени 591 милион ковид-сертификати.

Комисијата денеска го усвои извештајот за Дигиталниот сертификат за ковид на ЕУ и неговата имплементација низ ЕУ. Извештајот покажува дека сертификатот на ЕУ е клучен елемент во одговорот на Европа на пандемијата на Ковид-19, со генерирани повеќе од 591 милион сертификати.

Податоците на ЕК покажуваат дека сертификатите придонеле за двојно зголемување на бројот на цивилни летови во јули во споредба со истиот месец минатата година. Според портпаролот, европските сертификати се признаваат во 43 земји, од кои 16 се надвор од ЕУ. Тој додаде дека 60 странски земји сакаат да се поврзат со европскиот систем за сертификатите за да обезбедат меѓусебно признавање со нивните сертификати за вакцинирани, прележани и тестирани.

заболени намален тестирани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.