Најстарата личност која го преживеала холокаустот почина на возраст од 110 години, соопшти нејзиниот внук за Си-Ен-Ен.
Според номинираниот документарец за Оскарите 2014 „The Lady in Number 6: Music Saved My Life“, Алис Херц-Сомер, талентирана музичарка и пијанистка, живеела сама во стан во Лондон.
„Музиката е мојот живот. Не ме интересира ништо друго“, вели Херц-Сомер во филмот.
Таа потекнува од Прага, во тогашна Чехословачка, а за време на Втората светска војна била затворена во концентрационен логор во градот Терезин, денешна Република Чешка. Музиката и го спасила животот. Херц-Сомер била дел од екипата кои биле задолжени да ги забавуваат нацистите.
„Знаев дека ќе свириме и си мислев колку тоа можело да излезе ужасно. Музиката не носеше на остров со мир, убавина и љубов“, објаснува таа пред режисерите.
Херц-Сомер живеела во Прага кога добила известување дека ќе биде депортирана. Нејзината мајка и нејзиниот сопруг биле транспортирани во Аушвиц каде што веќе биле жртви на нацизмот. Таа и нејзиниот пет-годишен син биле испратени кон кампот во градот Терезин.