Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 24 јануари ФИТР ќе ги ре-евалуира спорните проекти

0
By Нова ТВ on January 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 15, 2019 14:34

Интервју со Кристина Керкез, поранешен сопственик на “Декодикс”, стратап чиј проект беше оспорен поради рeакциите во јавноста

Кристина Керкез е дипломиран комуниколог на Универзитетот на Југо Источна Европа. Кариерата ја започнува уште во тек на студиите, а потоа ја развива во повеќе стартап компании. Пет години беше извршен менаџер на интернационaлна компанија, која што ја основа, а која работи во областа на дигитална писменост и официјална вендорска ИТ сертификација. Дел е од тим во компанија која  доби две глобални награди. Последниве три години работи како развоен и проектен менаџер во софтверска компанија ангажирана во проекти во сфера на медицина со напредни технологии. Кристина е еден од основачите на стартапот Декодикс но ја напушта компанијата поради конторерзите во јавноста.

НОВА: Како ја оценувате работата на Фондот за иновации? Дали е тоа добар инструмент за поддршка на младите иновативни претприемачи?

-Како некој кој 10 години во бизнисот ги поминал во стартап компании, уверена сум дека секоја институција или организација која преку финансиска поддршка создава можност за реализација на идеи, отворање на нови бизниси, a особено на иновативни бизниси, конкурентни за други пазари – со потенцијал за извоз, е клучна за мали економии како нашата.

Сум имала можност лично да искусам како е да “растеш” компанија со и бeз помош.

Во моментот работам во софтверска компанија (која веќе ја надмина фазата на стартап) која што расте органски, што значи дека сама го финансира својот развој од самото основање.

Претходно пак, 5 години бев извршен менаџер на интернационален стартап, во кој што преку проект на USAID имавме инвестициски фонд кој го финансираше развојот на компанијата, со поддршка на нови вработувања но и логистичка поддршка во интернационални рамки, што беше особено значајно.

Помошта е секогаш добредојдена, независно дали е финансиска или логистичка, важно е да ја услогласите со стратегијата на компанијата и да сработите најдобро што можете.

Фондот за иновации има потенцијал да прерасне во еден од најважните инструменти и помагачи на домашните компании. Старите компании се менуваат, учат и ги користат придобивките. Новите пак, се раѓаат во оваа култура, така што очекувам да гледаме многу успешни домашни приказни.

НОВА: Вие сте едни од оние кои се обидоа да добијат поддршка од овој фонд. Што беше вашата идеја за чија реализација баравте поддршка од фондот?

– Декодикс е македонски стартап кој претендира да биде играч на светската сцена, а е препознаен како најуспешните старатапи кои се родиле на Балканов. Го сочинува мултидисциплинарен тим од тројца основачи, пионери во своите полиња, успешни млади професионалци. Идејата за Декодикс беше веќе “родена”, ставена на хартија во моментот кога му се приклучив на тимот, за да го надополнам со моето искуство во водење тимови за развој на медицински платформи со напредна технологија, она што во моментот го работам. Идејата и целта на Декодикс е да го демократизира и комерцијализира ДНК испитувањето, да овозможи секој да нарача online генетски тест од дома, да се запознае со генетските предиспозиции и ризици кои ги носи, и со тоа да преземе обврска за грижа за своето здравје, преку персонализирани совети и препораки.

Процесот е едноставен, нарачувате генетски тест преку платфомата на Декодикс, на домашна адреса ви пристигнува кит во кој се остава плунка, се испраќа назад до нашата лабораторија каде се прави испитувањето. Потоа резултатите се достапни на платформата каде што кориснискот може да ги преземе, а се интерпретирани на разбирлив начин за да може корисникот да ги примени советите.

Во моментов има неколку светски компании кои го прават ова, но една од предностите на Декодикс е начинот на чување на податоците за корисникот во blockchain технологија, со што корисникот останува сопственик на своите податоци, а за секое користење на неговите податоци (со негова дозвола) од трети страни како истражувачки центри, фармацевтски компании, добива надомест. Ова не е случај со другите генетски компании во светот.

Накратко, Декодикс ќе овозможи секој да добие пристап до персонализирана медицина врз основа на неговите генетски податоци. Ова е иднината на медицината, иднината на третманот на болести, а од аспект на бизнис и индустрија, е нешто што ќе биде во фокус на светската сцена следните неколку декади. Потенцијалот е огромен, бидејќи ова е почеток на развој на оваа гранка глобално.

НОВА: Вашата идеја која првобитно доби поддршка од Фондот подоцна беше компропмитирана во медиумите поради вашата блискост со еден висок фукционеар во владејачката СДСМ. Во јавноста се јави недоверба околу критериумите по кои Фондот одлучува дали да даде некому поддршка или не. Каков е вашот коментар за оваа актуелна дебата во јавноста околу начинот на кој функцинира оваа институција?

-Изминатите 5 месеци јас, членови на моето потесно семејство, како и компанијата во која имав сопственички удел бевме мета на јавноста и медиумите, во еден неоснован и тенденциозен контекст за оцрнување и деградација. Притоа, никој од овие медиуми не ме исконтактира да побара став или изјава за целиот овој период. Постојано се манипулира, бидејќи се недоволно познати. Компанијата Декодикс во која имав сопственички удел, а од кој се откажав, беше една од 74 компании кои добија грант од ФИТР на јавен повик. Фактот дека компанијата беше основана пред аплицирање на повикот е точен, но ни малку спорен бидејќи ФИТР тоа го дозволува и ја става компанијата во група на стартап компании кои аплицираат со иновативна идеја. Тоа се новонастанати компании или во својот ран почеток, кои имаат идеја на која и треба поддршка за реализација. Со овој податок постојано се манипулира, бидејќи јавноста не е запознаена дека тоа не е пречка за добивање грант, напротив, ваков тип на финасисрање претставува редовна пракса во развој на стратап компаниите во САД и Европа.

Понатаму, добивањето на грантот е поврзувано со позицијата на Цветанка Ласкова, мајка на мојот сопруг, која е советник во Кабинетот на премиерот. Разбирливо е дека во мала држава и во корумпирано општество како македонското, јавноста бурно реагира, но како млади професионалци ќе докажеме спротивно, ќе докажеме дека врз нашиот труд и работа е фрлен неоправдан сомнеж.

Во однос на прашањето за конфликт на интереси, Декодикс уште на самиот почеток во изјава заверена на нотар официјално се изјасни дека во нејзината структура не постои член со јавна функција. Ниту дирекно, ниту индирекно преку близок член на семејство бидејќи, Цветанка не е функционер, по закон за јавни функционери, формално и правно не е функционер. Поимањето на јавноста е поинакво, но фактите кажуваат друго.

И покрај таа изјава, поради медиумскиот притисок, без правна основа, Декодикс беше подложен на ре-евалуација.

Оттука, сметам дека третманот кон Декодикс е неоправдан. Земајќи ги предвид сите овие факти, најмногу фактот дека јас се повлеков од сопственичката структура, а компанијата се уште неосновано се поврзува и се става во овој контекст, се дефинира како ризична итн, говори за тенденциозност и за некои други намери.

Во овој момент проектот е на ре-евалуација кај Комитетот за инвестиции. Лично очекувам дека комитетот ќе ја потврди првичната одлука која ја донесе, и по 24ти јануари проектот ќе започне со реализација и ќе му претстои успешна година, што впрочем им посакувам на сите.

НОВА: Каква е вашата сугестија како да се изгради довербва. Како јавноста да биде сигурна дека јавните пари кои ги користи фондот завршуваат во интерес на јавното добро?

-Јавноста, преку медиумите треба да се едуцира и да се информира за проектите кои добиваат средства, за тоа како изгледа еден инвестициски циклус, како се реализира инвестиција итн. Кога би било вака, би знаеле дека прво инвестира самата компанијата, па потоа фондот исплаќа средства за првиот квартал. Доколку бизнис планот е исполнет, фондот одобрува средства за втор квартал, компанијата повторно прва инвестира, па фондот пак исплаќа дел. Ова е вака додека не се исполни бизнис планот односно не се заврши инвестицискиот циклус, кој што е исклучително контролиран процес. Контролите се детални, извештаите месечни и квартални, се е испланирано однапред и секој денар се троши по план. Секој фонд работи така, нема простор за манипулации, тие што имаат искуство знаат. Довербата ќе се изгради со едукација пред се, и најважно со видливи резултати на компаниите кои добиле средства и успешно реализирале проекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.