Актерот Џорџ Гејнс, едно од заштитните лица на „Полициска академија“ (командантот Ерик Ласард), почина на 98 години, потврди вчера неговата ќерка. Гејнс беше дел од сите седум сегменти на култната комедија.
Со Дастин Хофман играа заедно во филмот номиниран за оскар „Tootsie“.
Џорџ Гејнс е роден во Хелсинки, израснал во Франција а живеел и во Англија и во Швајцарија.
По Втората светска војна оди во Америка каде што станува дел од Њујорк Сити Опера а потоа настапува иа на Бродвеј.
Зад неговото име стојат многу проекти и филмови како „Mission Impossible“,„The Six Million Dollar Man“, „Hawaii Five-0“ и други.
Тој се пензионираше во 2003 година по настапот во филмот „Just Married“ со Ештон Качер и Британи Марфи.