НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На државата и честитавме ли среќна Нова Година?

0
By Marija Todorovska on January 4, 2024 КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВОЈО МАНЕВСКИ / Цивил Медиа

Последниве неколку дена се отепавме од честитање и посакување среќа. На семејство, пријатели знајни и незнајни, роднини, а државните и партиските поглавари на сите ни честитаа и ни порачаа дека само со нив можеме да бидеме среќни во идната година. Поштата и поштарите ги развластивме од разнесување новогодишни честитки со задоцнување од неколку недели и сега само преку социјалните мрежи ги пренесуваме желбите за среќна Нова Година. Додуша и тоа го поедноставивме па место лично напишани пораки праќаме некакви апликации кои делуваат така стерилно како да ги изготвувала нашата државна и локална администрација. Нема веќе потреба од лични односи меѓу луѓето, сѐ е денес конфекција на урамниловка.

Политичарите ни честитаа, а јас не можам а да се отргнам од чувството дека  се искрени. Само различно ја толкуваме логичната врска меѓу посакуваните желби за среќа. Тие велат нека ви е среќна Новата Година затоа што ако сте среќни ќе гласате за нас и тогаш ние ќе бидеме среќни а ако сме ние среќни и вие поради тоа треба да сте среќни. Замрсено нели? Исто како нашата политичка сцена.

А на Македонија никој не ѝ честиташе. Изгледа таа и нема потреба од честитања зошто вакви кави што сме и не ни верува дека навистина и посакуваме среќа. Има ли потреба да ни верува кога сѐ што ѝ посакавме досега не остваривме? Место просперитетна ја направивме безнадежна за најголем број нејзини граѓани. Место богата ја искрадовме па кутрата сега се моли по белосветските банки и фондации да може да ја преживее секоја идна Година. Место чиста природа ја загадивме како да не е наша туку некој ни ја дал на подарок за кој немаме високо мислење. Да редам понатаму само ќе утврдам дека таа и не очекува од нас желби за нејзина среќна Нова Година.

Ете тоа некако го заклучив, а за време на празничните денови моите сограѓани како и секогаш на свој начин си ја разбираат и старата и си ја дочекаа Новата Година.

Мојот другар Кире што на внукот Нова Година му честиташе преку Вибер има интересна споредба меѓу државата и граѓаните и семејно-брачните односи.

Слушај другарче, вели.

Во државата сѐ ни е модерно исто како сегашниве бракови. Сѐ некако се на работ од растурање. Штом нешто не се погоди во желбите веднаш се поставува дилемата за развод. Е, а знаеш ли зошто е така? Нема мажи и домаќини братче, па тоа место го зазедоа жените не според пол туку според карактерните особини . Како во економијата, нема веќе реално производство, сѐ е маркетинг и менаџмент. Секој млад брачен пар сака веднаш да живеат сами и тоа веднаш после свадбата.Ние едно време до седум години ја воведувавме снаата во семејните правила на однесување. Е сега снаата веднаш започнува суптилна операција на одделување на младоженецот од неговите родители и роднини. Што подалеку, толку поарно. За нејзините има друга политика и не е еквидистанца туку полека приближување кон нејзините роднини и пријатели. Како нашиот пат кон Европа -полека, полека и на крај нема друга алтернатива – или Европа или развод меѓу граѓаните. Така е другарче такви се новите правила. Некогаш браковите запаѓаа во криза после седмата година а сега кризата е постојана алтернатива на брачниот соживот.

Младата сопруга суптилно ја насочува атмосферата а младоженецот како мисир ја испушта иницијативата и во еден момент не знае како да се снајде. Исто како нашата кавга со бугарите. Ја испуштивме иницијативата да докажеме дека добар дел од сегашните бугари се по потекло македоници и сега оп – бараат и ние да се изјасниме дека сме бугари. Гледаш колку е едноставно или исто како и обичниот живот? Само вие разните пискарала го комплицирате па човек не може да се снајде што е црно а што бело, сѐ направивте сиво.

Сакаш ли уште да ти објаснувам другарче? Во секојдневието постојат јасни правила. По некое време младиот сопруг увидува дека станува само фигура со привиден статус на имател на права и глас и почнува да се бунтува. Како нашите кообајаги активни граѓани и гласачи. Кога увидат дека нивниот глас е само статистичка бројка почнуваат да мрморат, да оговараат и да се мрштат. Исто како во бракот. Ако сопругот е маж, треснува на масата и бара нови правила на однесување во бракот. Ако го притиснало времето и долговите едноставно продолжува да ја игра несаканата улога на домазет. Ете братче, затоа денешните бракови се сѐ понестабилни со чести разводи со несреќни деца што едвај чекаат да го напуштата семејниот дом. Затоа сега внуците ги гледаме на екраните од телефоните и не си ираат по авлиите на дедовците и бабите.Не е ова за твоите колумни зошто не знам да се изразам како што вие правите замрсено ама јас така мислам и чувствувам.

И таман да го прашам за иднината на државата и зошто никој на Македонија не и честита среќна Нова Година сфатив дека се ми објасни и дополнителни прашања не се потребни. А вие мои почитувани сограѓани од сите слоеви запишани во преамбулата  зошто не и посакавте среќна Нова Година на заедничкава ни држава Македонија?


Текстот е личен став на Авторот.
Војо Маневски држава Нова година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.