НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На ФОН, втора јавна дебата за уставните амандмани

0
By Нова ТВ on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска на Универзитетот ФОН ќе се одржи втората од петте кавни дебати за нацрт амандманите за промена на Уставот, каде говорници ќе бидат и ректорот на Универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче. На дебатата ќе учествува и премиерот Зоран Заев.

На првата јавна дебата за четирите нацрт-уставни амандмани што се одржа вчера во Владата на Република Македонија беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор.

Премиерот Зоран Заев истакна дека постои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница. Повтори дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.

Во нацрт – амандманите, како што потсети синоќа Заев, се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.

-Ние треба да побараме како Република Северна Македонија од грчката страна ратификација на  протоколот од НАТО оти така е опишано во самиот договор, а во суштина ние ќе бидеме Република Северна Македонија за меѓународна употреба откако Грција  ќе го ратификува и Договорот и  Протоколот од НАТО, рече Заев.

Грција мора, истакна тој, во ист ден или заедно паралелно  да ги ратификува конечната Спогодба  за решавање на спорот со името и протоколот за нашето членство во НАТО.

-Ова секако е дополнителна заштита за  нас. Секако доколку Грција не ги исполни своите обврски  тогаш нема да важат  измените на Уставот односно нема да стапат на сила и автоматски ќе се поништат, рече Заев.

Според Заев се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.

-Во овој процес нашиот народ се повеќе  и повеќе се охрабрува  во поддршка на преспанскиот договор  и рефлексијата од самиот договор  односно процедурите коишто  се случуваат во Парламентот, рече премиерот.

Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека амандманите не ја загрозуваат граѓанската основа на државата, дека се прифатливи од аспект на идентитетските прашања и дека притоа некои делови се зајакнуваат дури и кога се споменуваат други етнички заедници, како и дека решенијата се во рамки на уставно-правните стандарди.

– Ако се остави зборот Македонија во членот 36, тоа има консеквенци, рече професорот додавајќи дека можеби треба да се размисли за терминот национално ослободителни војни за независна македонска држава.

Во однос на Преамбулата, според Фрчкоски, дилемата останува дали да остане само да се наведе Прогласот, бидејќи тој на некој начин го опфаќа Манифестот, или да се оди на конкретно набројување на документите, што би биле екстензивно, но можеби треба да се расправа.

– Но не може да се реферира во Преамбулата на Уставот од 1991 година. За прашањето како ќе биде ставен Охридскиот рамковен договор, не е спорно дека тој конститутивно го менува политичкиот систем и го зацврстува, тој треба да биде ставен, но како, прашува професорот. Според него, треба да се раздвои реченицата на историските конститутивни акти, и временски се случува по Уставот од 1991 година.

Фрчкоски во однос на амандманот 36 предложи првиот став да гласи: Републиката да го штити и гарантира идентитетот и негува историското и културното наследство на македонскиот народ. Во третиот став да стои: Републиката се грижи за дијаспората…Се знае, вели тој, што е дијаспора.

Професорот Владо Поповски изнесе свој предлог на Преамбулата на Уставот.

– Мислам дека треба да се задржи од претходната пристапот: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ“ бидејќи на таа основа укажуваме на еден битен факт дека граѓаните на Република Македонија, поединечно како историски субјект не се националниот државотворен субјект на македонската држава, туку тие граѓани секогаш се јавуваат здружено преку одредени организации водства и се јавуваат како колективен субјекти кој се бори за своја држава, рече професорот Поповски.

Тој во целост го презентираше својот предлог (амандман 33): Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои се дел албанскиот народ, турскиот народ, српскиот народ, влашкиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на заедничката татковина, еднакви во своите права и одговорни според идните генерации во согласност со традициите на Крушевскиот манифест и Крушевската Република и со решенијата на АСНОМ за негово прогласување за врховно, законодвано, извршно, народно, претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија…

На дебатата учествуваат пратеници, претставници на научната јавност, граѓански организации, новинари…Произлегоа дилеми во однос на прашањата дали треба да стои дијаспора или не, дали и Преспанскиот договор треба да стои во измените или, пак, дури и на Охридскиот рамковен договор да му се најде друго место во Уставот…Беа изнесени забелешки за членот 36, кој според професорот Гордан Калајџиев непотребно може да создаде правна конфузија. Професорот Блерим Река укажа дека е потребно да се затворат овие процеси поради политичките процеси и изборите во Грција следната година. Според, Ѓорги Спасов со јавната дебата треба да се растера стравот кај граѓаните и тие да се убедат дека имаме добар договор и дека амандманите не се ништо друго туку она што е договорено со Грција.

Третата дебата ќе се одржи во петок во МАНУ, а во понеделник уште две во Штип и Тетово.

Процесот на уставните измени треба  да заврши со усвојување на предложените амандмани после јавната дискусија и со одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство  гласови од вкупниот број  на пратеници. На последната пленарна седница амандмани на нацрт – амандманите имаат право да поднесуваат и пратениците.

јавна дебата уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.