Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На фоторепортерка од Кашмир индиските власти и забранија да ја подигне Пулицеровата награда

0
By Ана Василевска on October 19, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фоторепортерката од Кашмир, Сана Иршад Мату, добитничка на Пулицерова награда, изјави дека индиските власти ја спречиле да отпатува во САД за да ја прими наградата.

Таа рече дека по наградата требало да оди во Њујорк во понеделникот, но на аеродромот во Њу Делхи била спречена од властите иако имала виза и билет.

Мату на Твитер напиша дека е „запрена без причина“ и оти нејзиниот билет е откажан.

Индиските власти не го коментираа случајот.

Мату работеше за тимот на Ројтерс кој ја доби Пулицеровата награда оваа година за серија фотографии направени за време на пандемијата на коронавирус во Индија, пренесе Бета.

На Мату првпат во јули, и беше забрането да патува во Париз на презентација на книга и изложба на фотографии како еден од 10-те добитници на „Serendipity Arles Grant“. Мату тогаш рече дека властите и рекле дека нема да може да патува во странство.

Таа работи како хонорарен фоторепортер од 2018 година, документирајќи го животот во Кашмир кој е под контрола на Индија, каде бунтовниците се борат за независност или спојување со соседен Пакистан.

Новинарите долго време ги игнорираа заканите во регионот под контрола на бунтовниците, додека индиската Влада се обидува да ја зајакне контролата врз медиумите во Кашмир. Ситуацијата се влоши во 2019 година, кога Индија ја укина полуавтономијата на Кашмир, а десетици новинари беа уапсени, испрашувани и под истрага според антитерористичките закони.

Индија Пулицерови награди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.