Времето на чекање за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен и се одвива непречено, по суви коловози.
Од 18 август до 12 септември на патниот правец Охрид – Ресен, преку Галичица, поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин меѓу 9 до 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.