Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На граница со Србија тензично: Ќе се забрани увоз на домати?

0
By Менче Атанасова Точи on July 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонските патлиџани не се враќаат од српската граница. Овој одговор од Министерството за земјоделство доаѓа по информациите дека Србија ќе ја официјализира забраната за увоз на овие земјоделски производи од Македонија.

-Нашите контролори се на граничниот премин и сеуште ништо не е вратено од српска страна потврдија за НОВА во ресорното министерство. Од таму велат дека по најавата од српска страна дека ќе го ограничат увозот на патлиџани од Македонија, тие се во постојан контакт со српските служби.

Како што јави БЕ92 , Србија се очекува да ја официјализира одлуката на српската влада за ограничување на увоз патлиџани и вино од Македонија.

Потпретседателот на владата на Србија Расим Љаиќ и министерот за замјоделство Горан Кнежевиќ се согласиле за превземање на мерки по повод одлуката на македонската Влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија.

Засега сите информации од српските медиуми за забраната на увоз на домати се неофицијални. Полседните информации говорат дека на граничниот премин Прешево е пријавено дека две пратки со домати веќе поминале низ фитосанитарната инспекција,по што им е дозволен влез во Србија.

Во српското министертво за земјоделство не ги демантираат информациите во медиумите за можна забрана и велат дека не се работи за конкретни мерки туку станува збор за поединечен случај.

“На Македонците треба да им покажеме заби” изјавил секретарот на Здружението на земјоделските комори на Војводина, Џорџе Бугарин коментирајќи ја одлуката на македонската Влада (погледни видео).

На најавата за забрана за увоз на домати од српска страна реагираат во асоцијацијата на земјоделци.

-Доколку Србија го ограничи увозот на домати тоа ќе биде голем удар за земјоделството, а последиците ќе ги сносат производителите бидејќи најголемиот извоз на патлиџани е токму во Србија, Хрватска и Косово изјави за НОВА Ристо Велков од регионалниот Сојуз за земјоделство.

Пред неколку дена Србија најави ембарго и на македонските вина, од истата причина како и за доматите.

-Таков реципротитет ќе преставува сериозен удар за извозот на македонското вино во Србија. Последиците што во таков случај би се почувствувале во сегментот на винопроизводтсвото во земјава, никако не би смееле да се потценат земајќи ја во предвид големината на уделот за учеството на македонското вино на српскиот пазар реагираат од винарија Камник.

Од винаријата сметаат дека македонските институции треба да ги земат во предвид сите фактори при донесувањето на одлуките за понатамошните чекори во врска со регулирањето на односите меѓу конкретните пазарни сегменти на двете земји, а при тоа да обезбедат максимални можности за успешен пласман на нашите вина во соседна Србија.

-Се надеваме дека овој бран на неизвесност набргу ќе не одмине без последици велат од винаријата Камник.

Дека ќе дојде до забрана на увоз од Македонија можеше да се насети по најавата на Владата на Србија дека ќе одговорат на ограничувањето на увозот на пченица и брашно кое го најави македонската страна со тоа што ќе воведат мерки на реципроцитет, односно дека ќе ја разгледаат можноста за ограничување на увоз на македонско вино и патлиџани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.