Лекарите не знаат од што починало 12 годишното девојче кое вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести.
Девојчето било примено во тешка здравствена состојба со проливи, повраќање и намалена телесна температура. Според изјавата на директорот на клиниката Звонко Миленковиќ, лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат девојчето.
„Девојчето беше во исклучително тешка здравствена состојба со нагони на повраќање и пролив во шокова состојба и со изразита хипертермија. И покрај сите обиди на лекарите да го спасат, тоа по четири часот од приемот почина“ изјави Миленковиќ.
Семејството не дозволило да биде извршена обдукција на телото, па затоа ќе се анализира само крвта која била земена пред да почине девојчето. Во некои од медиумите излезе информација дека девојчето починало од свински грип но, на клиниката оваа информација ја демантираат.