Африм Исмаиловиќ, кому му се суди во акцијата „Монструм“, изјавил дека подобро би му било во затвор во Косово отколку во Македонија, пренесува Канал 5.
На Исмаиловиќ и Алил Демири им се суди за нелегално поседување оружје, откако пред пет месеци беа уапсени во Приштина.
Пресудата за нив ќе биде изречена во петок.
Според косовските правници проценките за казната по обвинението за кое се водат, се најмалку 2 години затвор.
Африм Исмаиловиќ го призна делото, оти, како што објасни неговиот адвокат денеска, се плаши од судење во Македонија. Алил Демири се бранеше со молчење.
Доколку добијат затвор, адвокатите на двајцата обвинети ќе инсистираат казната да ја одлежат во Косово.