Уапсени се двајцата првоосомничени во случајот „Монструм“, соопшти МВР.
„Лицата одговарале на описот и пред полицијата се преставиле како Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Министрите за внатрешни работи на РМ и на Косово веќе стапија и во директен контакт.
– Со оглед на фактот дека лицата не поседуваат документи за потврда на идентитетот, ќе бидат направени сите неопходни проверки, а по целосното завршување на идентификацијата, МВР ќе излезе со официјална информација во текот на утрешниот ден“ соопштуваат од МВР.
На двајцата уапсени на Косово им се судеше во отсуство за извршено убиство на 13 април минатата година кај Смиљковското езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски.