НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На локации во Скопје почна снимањето на „17“ на Косара Митиќ: Филм за соочување со непријатните вистини за адолесценцијата

0
By Ана Василевска on April 26, 2024 ЗУМ, КУЛТУРА
Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Верувам дека соработките со новите генерации значат нивно воздигнување во светот на филмот и домашната кинематографија и истовремено придонесуваат за доближување на нивниот свет до нашето општество. Очекувам филмот да го реализираме според предвидената динамика и секако како продуцент, очекувам негов успех, во кино и на фестивали. – изјави Томи Салковски, продуцент на филмот.

На локации во Скопје, поточно во Музејот на Македонија, вчера започна снимањето  на новиот долгометражен игран филм на режисерката Косара Митиќ, насловен како „17“. Филмот е во продукција на „Црна Мачка Продукција“. 

“Филмот „17“ е фокусиран на средношколците и тинејџерите, кои се критична и ранлива демографија. Во свет заситен со социјални медиуми, каде што владеат вредности кои шокираат, „17“ ги предизвикува гледачите да се соочат со непријатните вистини за адолесценцијата и потрагата по потврда во дигиталниот пејзаж кој постојано се менува, притоа, оставајќи ги изложени повеќе од било кога досега на притисоците од средината и потребата за истражување на нивната сексуалност, рече Косара Митиќ, режисер на филмот. 

Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ
Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ

Косара Митиќ е родена 1987 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек Филмска и ТВ режија во 2013 година во класата на проф. Столе Попов. Досега режирала неколку кратки филмови, меѓу кои „Црвената соба“ (2016), „Роденден“ (2015) и „Намини бар еднаш“ (2013) кои биле прикажани на повеќе од 20 фестивали ширум светот.

“17“е прв долгометражен филм на Митиќ, која во својата филмска биографија како режисер ги запиша краткометражните филмови „Црвената соба“ (2016), „Роденден“ (2015) и „Намини бар еднаш“ (2013). Во своето долгометражно првенче, режисерката фокусот го става на откривање на скриените комплексности на тинејџерскиот живот во општеството во транзиција. Сценариото инспирирано од настан од реалниот живот, ја следи Сара, 17 годишна девојка која се движи низ бурните води на адолесценцијата среде општествените притисоци и личните предизвици. Додека Сара се бори со трауми и тајни, филмот навлегува во темите на идентитетот, сексуалноста и општествените очекувања. Преку суров реализам, „17“ се стреми да поттикне мисловно истражување на суровата реалност со која се соочува денешната младина.

Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ
Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ

Верувам дека соработките со новите генерации значат нивно воздигнување во светот на филмот и домашната кинематографија и истовремено придонесуваат за доближување на нивниот свет до нашето општество. Очекувам филмот да го реализираме според предвидената динамика и секако како продуцент, очекувам негов успех, во кино и на фестивали. – изјави Томи Салковски, продуцент на филмот.

Црна Мачка Продукција e формирана во 2015 година, со првична замисла да развива и реализира дела на млади автори во подем, за почеток фокусирајќи се на кратките играни и документарните филмови. Целта на Црна Мачка Продукција е да им помогне на сценаристи и режисери од поновите генерации да ги прикажат своите креативност и талент, овозможувајќи им да ги реализираат нивните идеи и концепти.  До сега, има продуцирано неколку филмови, кои успешно се претставија и беа наградени на некои од најголемите светски фестивали, меѓу кои: малцинските копродукции УЛИШТЕ (2021) во режија на Блерта Башоли, трикратно награден на Филмскиот фестивал Санденс во САД и ЛЕТЕЧКИОТ ЦИРКУС (2019) во режија на Фатос Бериша, краткиот документарен филм КАМЕНА ГРАДИНА (2018) во режија на Даријан Пејовски, и кратките играни филма ЦРВЕНАТА СОБА, режија на Косара Митиќ и ВИДИ ЈА ТИ НЕА на Горан Столевски, прикажан и наградуван на над 30 значајни филмски фестивали во светски рамки.

Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ
Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ

Филмот се реализира во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, со поддршка од македонската Агенција за филм, Филмскиот центар на Србија и Словенечкиот филмски фонд.

 Снимањето, кое официјално започна денес, на 25.04.2024 и ќе трае до 18.05.2024 година, е планирано да се реализира на повеќе локации во Скопје и Битола.

Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ
Од почетокот на снимањето на „17“ на Косара Митиќ

 „17“ – во фаза на продукција

(Македонија, Србија и Словенија)

 Актерска екипа:

Ева Костиќ                                          Мартина Даниловска                       Ева Стојчевска

Петар Маниќ                                       Ирена Димеска                                Луна Бејков

Христијан Ристески                          Алина Христовска                           Даме Јовески      

Јован Тодоров                                    Мина Јелушиќ                                  Тодор Стојковски                             

Иво Јездиќ                                          Ана Стојановска                               Жаклина Стевковска                       

Сашко Коцев                                      Оливер Митковски

 

Авторска екипа:

Режија:                                               Косара Митиќ

Сценарио:                                          Косара Митиќ, Огњен Свиличиќ

Продуценти:                                      Томи Салковски, Кристијан Буровски

Кинематографер:                              Наум Доксевски

Сценографи:                                      Дејан Ѓошевски, Александра Чевреска

Костимограф:                                    Жаклина Крстевска

Шминка и фризура:                          Карла Лазиќ / Србија

Снимател на звук:                             Аљаж Лукан / Словенија

Монтажа:                                           Дејан Смилески

 

Продуцент          Црна Мачка Продукција (MKD)

                              Томи Салковски, Кристијан Буровски

 

Копродуценти   Арт&Попкорн (SRB)

Мирослав Могоровиќ

Децембер (SVN)

Владо Булајиќ, Лија Погачник

 

Агенција за филм на РСМ Косара Митиќ Македонски филмови Томи Салковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.