Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На мој начин

0
By Нова ТВ on June 20, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Приказната за еден од најпопуларните хитови на Френк Синатра и воопшто светски хитови „My Way“ („Мој начин“), е многу интересна. Како автор некаде можете да го сретнете Пол Енка, некаде Клод Франсоа.

Точно е и едното и другото, но најдобро би било кога би го спомнале и Жил Тибо и Жак Рево, па авторската слика да биде комплетна. Корените на песната потекнуваат од 1967 г. кога, тогаш младиот француски композитор Жак Рево (1940 – ), со текстописецот, исто така французин Жил Тибо (1927 – 2000), ја создале песната „Comme d’habitude“ („Како обично“) и му ја понудиле на пејачот Мишел Сарду. Тој ја одбил, бидејќи не му се допаднала.

Песната ја прифатил пејачот Ерве Вилард, но авторот Рево не бил задоволен какo ја испеал, па го наговорил Клод Франсоа да ја сними. Во тоа време Клод Франсоа (1939 – 1978) е популарен и искусен француски пејач и композитор. Клод Франсоа се согласил под услов да направи корекции на музикта и на текстот и нормално да биде вклучен во авторството.

Останатите автори се согласиле и Франсоа ја снимил песната, која веднаш станала популарна. За да биде приказната поинтересна, во тоа време славниот канадски кант-автор од либанско потекло Пол Енка, бил на одмор на југот на Франција и ја слушнал песната која често се вртела на радио станиците. Почувствувал дека во оваа песна се крие голем потенцијал и остварил контакт со Клод Франсоа. Откако договориле средба, го прекинал одморот и ведаш со авион отпатувал за Париз.

Пол Енка, побарал дозвола да изврши извесни корекции на музиката и да направи сосема нов англиски текст кој содржински ќе нема никаква врска со оригиналот, при тоа да бидат запазени сите авторски права и секој процентуално да си го добие својот дел. Договорот бил направен, а Пол Енка веднаш почнал да ја реализира својата идеја.

Текстот го напишал за една ноќ, музиката ја прилагодил според својата замисла, а уште кога првпат ја чул песната на француски, бил убеден дека таа ќе биде наменета за Френк Синатра, на кого веднаш му се јавил и му кажал дека има нешто специјално за него.

Многумина го убедувале, особено од неговата дискографска куќа, дека треба тој самиот да ја пее, со што тој делумно се согласил и ја снимил, но прво тоа го направил со Френк Синатра.

Многу важната улога на аранжер и продуцент му ја доверил на извонредниот Дон Коста (1925 – 1983), кој често соработувал со Синатра, а и почетоците на Пол Енка се исклучиво поврзани со него.

Текстот на песната е посебно интересен и прилагоден за Синатра и за сите оние од „третото доба“ кој фрлаат поглед наназат во животот што го минале.

„И сега крајот се ближи
И се соочувам со последната сцена
Пријателе, ќе кажам јасно
Ќе раскажам за мене и за она во што сум сигурен
Живеев еден исполнет живот
Патував по секаков пат
И повеќе, многу повеќе од ова
Го правев тоа на мој начин…“

Песната е снимена на 30 декември 1968 година, а издадена е на албумот „My Way“ во почетокот на следната година. На почетокот не доживува некој спектакуларен успех на топ листите, но доаѓа до петтото место. Меѓу првите 40 останува 75 недели, меѓу првите 75 останува уште 49 недели.

Големата популарност на песната инспирира многу пејачи и групи да ја стават на својот репертоар и да ја снимат на плоча.

Елвис Присли, на пример, ја пее на познатиот Алоха концерт на Хаваи во јануари 1973 г. кој директно за првпат преку сателит го пренесуваат повеќе од 40 земји и го гледаат повеќе стотици милиони гледачи.

Тогаш Присли се уште е во извонредна кондиција, а само 4 години подоцна, по неговата смрт, песната е издадена на синг плоча како концертна снимка.

Ја снимиле и голем број познати пејачи, групи и оркестри: Нина Симон, Ширли Бејзи (која по смртта на Синатра ја пее во негова чест на сите нејзини концерти), Брук Бентон, „Секс пистолс“, „Џипси кингс“ на шпански како „А ми манера“, Роби Вилијамс ја пее на својот голем концерт во Ројал Алберт хол во 2001 г., Хулио Иглезијас, Лучијано Павароти, Том Џонс, Енгелберт Хампердинк и тн.

Текстот е препеан и на германски, арапски, грчки, руски, јапонски, турски и на повеќе други јазици. Исто така оваа песна се смета за една од оние кои доживеале најмногу нови изданија и воедно е една од најомилените во специјализираните караоке барови.

Во Британија често се изведува како дел од погребните церемонии како претходно изразена желба на покојникот или како желба на неговото семејство за да се потенцира дека тој животот го живеел на свој начин.

Кај нас, многу добро ја пееше и ја сними за продукцијата на Македонското Радио – Радио Скопје, Џон Илија Апелгрен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.