Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На народот навистина му врие

0
By Нова ТВ on June 21, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораката која „Шарената револуција“ вчера ја испрати до Никола Груевски и владејачката партија е дека на народот навистина му врие и во еден момент може да му дојде преку глава, коментираат долгогодишни политичари за НОВА.

Пораката која Груевски ја испрати дека народот нема веќе трпение е точна, но вчера народот покажа дека бара Груевски да се повлече, а не некој друг. Вака го коментира претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вчерашниот протест на Шарената револуција.

Според него, главната порака која ја испратиле масовните „шарени“ протести е дека е време за промени во Македонија.

„Протестот покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат никаква поддршка и сега имаме едно граѓанско собирање кое има една огромна масовност, без некоја посебна организација. Граѓаните бараат промени и решение на кризата. Треба што е можно побрзо да се формира Влада која ќе спроведе реформи кои се неопходни за да се одржат избори“, вели Трајанов за НОВА.

Тој додава дека во сите авторитарни режими оние кои ги водат режимите, секогаш се повикуваат на народот. „Но токму тогаш се ближи крајот, народот се дига да, но не да ги поддржи лидерите на режимите, туку против нив“, додава Трајанов.

Ден пред големиот протест, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски во своето обраќање пред неговите сопартијци, по повод 26. роденден на партијата, порача дека „народот вриел“ и се повеќе граѓани од него барале поддршка за конкретна акција. Според него, учесниците во Шарената револуција се платеници, кои работат за туѓи интереси.

Силна граѓанска порака

Претседателот на НСДП, Тито Петковски смета дека пораката која вчера ја испратија демонстрантите е силна, а тоа е дека граѓаните не подлегнуваат на никакви уцени, притисоци и закани.

„Масовноста на протестот покажа дека граѓанската енергија се зголемува со заканите кои се упатени до нив. Реакција на граѓаните на говорот на Груевски е жестока а таа е дека Македонија ќе се демократизира и диктатурата треба да си замине“, вели Петковски.

Според Љупчо Балковски од ВМРО-НП, вчерашниот протест е уште еден потсетник за целокупното граѓанско незадолство со системот во Македонија.

„Шарената револуција постави неколку услови, но ете видовме дека ништо од тоа нема направено Владата. Вчера видовме и дека меѓународната заедница порача дека Пржинскиот договор мора да се почитува, како и работата на Специјалното јавно обвинителство.Четирите партии потписници на договорот од Пржино едноставно ќе мора да го испочитуваат она што го потпишале“, вели Балковски.

Вчера се одржа најмасовниот протест на Шарената револуција досега, кој заврши со обид за уривање на споменикот на „Прометеј“, како и демолирана фасада на Министерството за правда.

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за протестот

Илија Димовски на прес конференција денеска го осуди вчерашниот протест на Шарената револуција нарекувајќи го „вандализам  на хулигани од СДСМ и СОРОС“. „Вчера СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка  агонија се наоѓа. Народот јасно виде дека во партијата нема ниту една конструктивна идеја со која би се излегло на политички мегдан и дека сите капацитети на ова раководство на СДСМ се посветени на целосна деструкција, насилство и вандализам“, рече Димовски.

Што понатаму со Шарената револуција?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.