Денеска на пладне се најавени протести во поголемите градови на Федерација Босна и Херцеговина – Сараево, Тузла, Мостар, Фојница и други.
Во Тузла, градот каде обесправените работници од индустриските гиганти се собираат секоја среда за да укажат на тоа дека нивните проблеми не се решени.
Во Фојница се одржува вонредна седница на општинското собрание поради протестите и собраните граѓани пред зградата на општината.
Во Мостар Колегиумот на Собранието на Херцеговачко-неретванскиот кантон ќе расправа за оставката на министерот за надворешни работи Марија Шуленте, но и за барањата на Пленумот на граѓани на Мостар.
Барањата се смена на Владата на ХНК, укинување на паушалот и бенефициите на политичарите – вклучувајќи го „белиот леб“, усогласување на платата на функционерите со просечната плата, носење на закон за социјална заштита, заштита на цивилните жртви од војната и нивните семејства.

