Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На поранешниот американски претседател Бајден му е дијагностициран рак

0
By Marija Todorovska on May 19, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Википедија
Фото: Википедија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, кој се проширил на коските, објави вчера неговиот кабинет.

„Минатата недела, поранешниот претседател Џо Бајден беше прегледан поради појава на јазол на простатата, откако забележа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата со Глисонов збир 9 (највисок степен, група 5), со метастази на коските“, се наведува во соопштението и се додава: „Иако станува збор за поагресивна форма на болеста, ракот е чувствителен на хормонска терапија, што овозможува ефикасно лекување.“

Бајден и неговото семејство „во моментов ги разгледуваат можностите за лекување со своите лекари“, се наведува. Оваа вест доаѓа неколку дена откако портпаролот на Бајден изјави дека поранешниот претседател бил на преглед поради „мал јазол“ откриен на простатата.

Бајден викендот го помина во својот дом во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер.

Иако метастатскиот рак на простата не е излечив, експертите истакнуваат дека може ефикасно да се контролира со современи хормонски терапии и хемотерапии кои во последните години значително го продолжија животот на пациентите.

Ракот е лична тема за Бајден, чиј син Бо почина во 2015 година од рак на мозокот. Како потпретседател во 2016 година, тој ја водеше иницијативата на Белата куќа за борба против ракот, а во 2022 година, како претседател, го обнови проектот „Cancer Moonshot“ со цел да се намали смртноста од рак за најмалку 50 проценти во следните 25 години.

Бајден Рак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.