Момче на возраст од 24 години, се запали денеска во близина на Колосеумот во Рим ,пред стотина исплашени туристи јави агенцијата Асошиетед Прес.
Станува збор за момче кое е со потекло од Сирија, но со Шведски пасош, за кое не се знае дали учествувало во протестот на сириските емигранти кои бараат засолниште во Италија.
Момчето кое се замозапалило во близина на Колосеумот каде што беа протестите, било однесено во болница со изгоретини од трет степен на лицето, градите и рацете.
Во протестот утринава повредени се четири полицајци и двајца демонстранти, кои се хоспитализирани во болница, а уште 10 други се повредени и добиле медицинска помош на лице место. Тие се повредени кога дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата која се обидела да ги растера.
На мета на нападот биле и туристите кои биле кај фонтаната Ди Треви.